Во Хрватска нови 146 случаи со корона вирус, две лица починаа


Во изминатите 24 часа во Хрватска се забележани 146 нови случаи на коронавирус, а две лица починаа, извести министерот за здравство Вили Берош на прес-конференција. Со тоа бројот на активни случаи на Ковид-19 во Хрватска изнесува 2.650.

Бројот на позизитвни случаи од почетокот на пандемијата изнесува 10.270, тестирани се вкупно 167.250 лица, а во изминатите 24 часа е тестиран 1.591 примерок.

Во изминатите 24 часа се хоспитализирани 28 лица, а од нив 14 се на респиратор, додека вкупниот број на излечени лица изнесува 7.434.