Филипче: Останувам посветен на здравствени политики во интерес и за доброто на сите граѓани


Министерството за здравство останува отворено за сите, а јас и натаму останувам посветен на здравствени политики во интерес и за доброто на сите граѓани, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил. Како институција, пишува Филипче, продолжуваме да ги слушаме потребите на граѓаните и заеднички со пациентите, невладините организации и здравствените работници да […]

Честитки од Брисел: Влада со јасна европска агенда


Европската комисија сѐ уште не реагирала официјално на формирањето на новата влада во Македонија, но еврокомесари на своите Твитер налози упатија  пораки. Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, порача дека „со нетрпение“ очекува да соработува со новата влада на премиерот Зоран Заев на потребните реформи за ЕУ интеграција. „Важно е сите сили во општеството да работат […]

„Пакомак“: Од тоа каде ќе го фрлите шишето зависи како ќе живеат вашите децалектирањето на отпадот


Селектирањето на отпадот и грижата за животната средина во која сите заедно живееме, почнува од секој од нас. Никој друг не може да го земе пластичното шише од вашиот дом и да го фрли во контејнерот за селекција освен вие самите, а вашиот избор не е само ваш, туку и избор за тоа како ќе […]

Заев официјално ја презеде функцијата премиер од Спасовски


Новиот премиер Зоран Заев официјално ја презеде функцијата. Рано утрово тој во Владата се сретна со досегашниот премиер кој ја предводеше техничката Влада Оливер Спасовски. Заблагодарувајќи му се на досегашниот премиер Спасовски и на членовите на преодната Влада за успешната работа во изминатите девет месеци, Заев оценил дека храбро и успешно се справиле со здравствено-економската […]

Орбан со декрет забрани влез на странци во Унгарија


Унгарскиот премиер Виктор Орбан издаде декрет со кој се забранува влез на странци во земјата, со неколку исклучоци. Забраната, која денеска беше објавена во Службен весник на таа земја, ќе стапи во сила утре, а беше најавена минатиот петок. Исклучоци се однесуваат на владини функционери кои организираат официјални настани, приматели на медицински услуги, странски студенти […]

Притвор за кумановец заради обид за силување


Кумановското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишен кумановец, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот Законик. – Кривично правниот настан се случил на 27 август 2020 година, околу 12:00 часот во Куманово, кога осомничениот со […]

Притвор за 34-годишен кумановец заради дрога


Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 34-годишен кумановец за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. -Осомничениот на 27.08.2020 година, во Куманово, неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога – марихуана. Тој прeвезувајќи се во возило марка „Фолксваген Шаран“ ја пренесувал дрогата скриена во возилото […]

Борисов му го честиташе на Зоран Заев реизборот за премиер


Бугарскиот премиер Бојко Борисов му честиташе на Зоран Заев за изборната победа и за реизборот за премиер на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба во Софија. – Бугарија неуморно се залага за правото на граѓаните на Република Северна Македонија да бидат дел од европското семејство, рече премиерот Бојко Борисов во честитката до својот колега, пренесува […]

Либанските лидери именуваа фаворит за премиер пред посетата на Макрон


Либанскиот амбасадор во Германија Мустафа Адиб би можел да стане новиот премиер на земјата, откако синоќа доби поддршка од сунитските политичари. Адиб го именуваа четворица поранешни премиери пред почетокот на консултациите меѓу претседателот и парламентарните блокови за кандидат за оваа функција. Поддршката за Адиб беше објавена пред денешната посета на францускиот претседател Емануел Макрон кој […]

НРА: Ако победи, Бајден ќе ги лиши Американците од слободно користење оружје


Поранешниот потпретседател Џо Бајден ќе ги лиши Американците од правото да купуваат и користат огнострелно оружје, соопшти синоќа на Твитер Националната стрелачка асоцијација (НРА), најстарата невладина организација во САД која се бори за почитување на Вториот амандман. Во серија од твитови на НРА, влијателна сила во политичкиот и медиумскиот простор на САД, се посочува дека демократскиот претседателски кандидат има […]

Лејди Дијана загина пред точно 23 години


Англија– Летото 1997 година се помни по трагичната загуба на принцезата Дијана Спенсер. Ноќта на 31 август светот дозна за предвремената смрт на „принцезата на народот“, како што ја нарекуваа. Имаше 36 години. Автомобилската несреќа на мостот „Алма“ во Париз, во којашто погина и нејзиниот партнер Доди Ал-Фајед, сѐ уште е обвиткана од мистерии и […]

Претседателот Пендаровски ќе ги прими премиерот Заев и членовите на Владата


Претседателот Стево Пендаровски, денеска во 13:00 часот ќе ги прими претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и членовите на новата Влада. Со 62 гласа „за“ и 51 „против“ во Собранието ноќеска пред полноќ беше избрана новата Влада на Република Северна Македонија предводена од премиерот Зоран Заев. Во завршното обраќање пред пратениците Заев […]

По изборот на новата Влада, официјално примопредавање на функциите


По синоќешниот избор на новата Влада за денеска е најавено и официјалното примопредавање на функциите. Примопредавањето на премиерската функција меѓу техничкиот премиер Оливер Спасовски и новиот премиер Зоран Заев е закажано за 9 часот. Потоа новиот премиер заедно со членовите на Владата точно напладне ќе има средба со претседателот Стево Пендаровски. Денешната агенда на новиот […]

Ќучук ја поздрави новата влада и ја повика да изготви патоказ за ЕУ реформи


Белгија– Известувачот за Северна Македонија во Европскиот Парламент Илхан Ќучук утрово го поздрави стапувањето на должност на новата македонска влада и нејзиното „брзо формирање“ во услови на глобална пандемија, јави дописничката на МИА од Брисел. -Треба да потсетиме дека Заев ги истакна и договорот со Бугарија и Преспанскиот договор со Грција како основа за продолжување […]

Театар Комедија започнува со проби на отворено, наскоро и претстави


Театар Комедија соопшти дека од денеска започнува со проби на отворено и со подготовки за претставата „Си беше еднаш“ во режија на Синиша Евтимов. Пробите ќе се одвиваат на отворено, со почитување на сите мерки и протоколи. Кон крајот на септември следува премиера, а Театарот започнува и со репертоар, исто така според сите мерки и […]

Топло-ладно


ЛЕЈЛА САБИТ Дамата во сино како морски или езерски бран тивко се повлекува и ѝ отстапува место на златната дама која потемнета од сонце ќе доминира нареднава сезона на кафеавиот моден и животен килим. Есента дрско тропа на вратата на Македонија, се уште не сака да ги избрка сончевите зраци од нашите улици, планини, кафе-дружења […]

Џонс Хопкинс: Во САД има близу шест милиони луѓе заразени со коронавирусот


САД – Бројот на потврдени случаи на коронавирус во САД се доближува до шест милиони. Според универзитетот Џонс Хопкинс, најмалку 5.969.916 луѓе се заразени, а најмалку 182.841 лице починале од коронавирусот. САД се први во светот по бројот на заразени и починати од коронавирусот.

ДИК на Црна Гора: ДПС 35,12, „За иднината на Црна Гора“ 32,52 проценти од гласовите


Црна Гора – Државната изборна комисија на Црна Гора (ДИК) објави прелиминарни резултати врз основа на 98,55 од обработениот примерок, според кои Демократската партија на социјалистите освои 35,12, а коалицијата „За иднината на Црна Гора“ 32,52 проценти од гласовите. Коалицијата „Мирот е наша нација“ освои 12,55 проценти, „Црно на бело“ 5,57, Социјалдемократите 4,09, Бошњачката партија 3,81, […]

Стопанската комора бара веднаш да продолжи соработката со новата Влада


Стопанската комора на Македонија бара од новата Влада веднаш, без протоколи и административни лаваринти, да продолжи соработката со цел да се утврдат приоритетите во економијата кои одговараат на реалноста. Го поздравуваат, како што посочуваат во денешното соопштение, потегот на премиерот и економскиот тим на новата Влада денеска во 14 часот да ја посетат Стопанската комора […]

Пицула: Големата излезност на изборите во Црна Гора значи големи очекувања од Парламентот


Црна Гора– Известувачот на Европскиот парламент за Црна Гора, Тонино Пицула, синоќа рече дека големата излезност на парламентарните избори значи големи очекувања на граѓаните од Парламентот и оти навистина има многу работа пред тој Парламент, бидејќи преговорите со Европската унија треба да продолжат. – На прва топка, јасно е дека силната политичка поларизација мотивираше голем […]