Претседателот Пендаровски ќе ги прими премиерот Заев и членовите на Владата


Фото: Б. Грданоски

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во 13:00 часот ќе ги прими претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и членовите на новата Влада.

Со 62 гласа „за“ и 51 „против“ во Собранието ноќеска пред полноќ беше избрана новата Влада на Република Северна Македонија предводена од премиерот Зоран Заев.

Во завршното обраќање пред пратениците Заев рече дека државата, која сега е членка на НАТО и има одлука за преговори со ЕУ, со посветеност и заедничка работа ќе има институции со кои ќе се гордеат сите. Најави целосна посветеност на економијата, јакнење на економскиот стандард, перспективи за младите во приватниот сектор, привлекување што е можно повеќе странски инвестиции.