Пицула: Големата излезност на изборите во Црна Гора значи големи очекувања од Парламентот


Црна Гора– Известувачот на Европскиот парламент за Црна Гора, Тонино Пицула, синоќа рече дека големата излезност на парламентарните избори значи големи очекувања на граѓаните од Парламентот и оти навистина има многу работа пред тој Парламент, бидејќи преговорите со Европската унија треба да продолжат.

– На прва топка, јасно е дека силната политичка поларизација мотивираше голем број граѓани да го искористат своето право на глас. Оваа поларизација најдобро се гледа во речиси изедначените резултати на двете водечки коалиции, но и во резултатите на некои нови политички опции, како и неуспеси на некои политички опции, изјави Пицула изјави за РТЦГ.

Тој оцени дека многу ќе зависи од постизборниот период и од процесот на формирање на нов парламент и нова влада и додаде дека поддршката на институцијата на ЕУ ќе зависи од остварување на квалитетот и ритамот на веќе преземените обврски.

– И од она што Црна Гора го постигна досега во преговарачкиот процес. Знаеме дека Црна Гора веќе направи многу и оти има признати резултати, рече Пицула.

Според него, ЕУ јасно ќе ја поддржи заложбата за продолжување на реформските процеси во Црна Гора, но и посветеноста кон политиката на регионална соработка и дека ЕУ очекува земјата да ја продолжи добрата работа што ја направи досега.

Како што потсети, добро е што Црна Гора ја прифати новата методологија за проширување.

– Верувам дека во периодот што следи, со сегашното германско претседателство, таа политика ќе добие нешто поцврста рамка. Но, секако Црна Гора мора да вложи сериозни напори за започнување и затворање на поглавјата, рече Пицула.