Србија со 125 новозаразени, нема починати


  Од 24 јуни до денеска не поминал ден во Србија, а да нема починат од Ковид-19. Денеска, здравствените власти не регистрирале ни еден смртен случај. Регистрирани се нови 125 заболени од корона вирус, а тестирани се 8.836 лица. Според последните информации на Министерството за здравје и Институтот „Батут“, на респиратори ширум земјата се 36 […]

Костовски ги повикува институциите по допрен глас да дејствуваат за Еуростандард банка


Бизнисменот Трифун Костовски упати јавен повик до државните институции да се вклучат во истрагата околу случајот Еуростандард банка, каде што е еден од акционерите. Тој јавниот повик го упати до претседателот на Собранието, Талат Џафери, до Обвинителството за организиран криминал, Антикорупциската комисија и до Министерството за внатрешни работи. „Ги повикувам наведените институции да се вклучат во […]

Филхармонија ја отвора новата концертна сезона, ќе се продаваат само парните редови во салата


Филхармонија соопшти дека по пауза од неколку месеци ќе почне со реализација на своите концерти. Првиот концерт со кој се отвора новата сезона 2020-2021 е на 3 септември (в четврток) со почеток во 20 часот. На програмата е ремек-делото за два гласа и оркестар „Песни за земјата“ од Густав Малер. Диригент е Габриел Бебешелеа (Романија), […]

Во РЕК Осломеј се гради фотоволтаична централа


Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски оствари работна посета на РЕК Осломеј, Кичево и ја посети локацијата на која треба да биде изградена фотоволтаичната централа, прва во сопственост на АД ЕСМ. Како што соопшти АД ЕСМ, подготвителните работи за изградба на фотоволтаикот се во тек и полека пристигнуваат потребните материјали. – Реализацијата на овoј […]

Заразата забавува, денеска 89 нови, но починаа седум пациенти


Во последните 24 часа се направени 1.529 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на Ковид-19 во: – Скопје 39 – Куманово 10 – Дебар 1 – Штип 4 – Прилеп 8 – Тетово 1 – Струга 3 – Битола 1 – Охрид 4 – Кавадарци 3 – Гостивар 2 – Струмица 1 – Крива […]

Хрватска: Нови 304 случаи со Ковид-19


  Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска објави дека во последните 24 часа од Ковид-19 заболеле 304 луѓе, па бројот на активни случаи порасна на 2.420. Од нив 194 се на болничко лекување, од кои 13 на респиратор. Починаа две лица. Вкупно во Хрватска се регистрирани 9.192 лица заболени од Ковид-19, а 177 починаа. […]

Грција ќе продолжи голем дел од мерките за туристите


На 31 август 2020 година истекуваат голем дел од одлуките на грчката Влада што се однесуваат на туризмот и туристите, како што се ограничувањата за одредени земји, затворените копнени граници, обврската за пополнување на PLF формуларот, а веројатно е дека овие мерки ќе бидат продолжени, нешто што официјално ќе биде соопштено утре на редовната прес […]

Босна и Херцеговина не се смирува: 311 новозаразени


  Во последните 24 часа во БиХ регистрирани се вкупно 11 жртви од корона вирус, со што вкупниот број порасна на 577, додека 311 се новозаразени. Во Федерацијата починаа 10, а еден пациент во Република Српска. Во последното деноноќие во Федерацијата регистрирани се 238 случаи од 1.317 тестирани. Во РС тестирани се 589 лабораториски примероци, […]

Вирусот повторно забрзува во Италија


  За само една недела во Италија речиси двојно е зголемен бројот на новозаболени со корона вирус. Расте и бројот на пациенти на интензивна нега, соопшти Фондацијата Гимбе. Од 19 до 25 август, првиот период кога талијанските туристи се вратија од колективниот годишен одмор, регистрирани се 6.538 нови случаи со Ковид-19, што е речиси двојно […]

Скопјанец стана главен советник на Ердоган


Сабри Демир со потекло од Македонија е назначен за главен советник на турскиот претседател Ердоган, пренесува агенцијата „Анадолија“ (АА). Според одлуките објавени на Службениот весник со потпис на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, Сабри Демир, кој е роден во Скопје, е назначен за главен советник на турскиот претседател. Сабри Демир e роден во Скопје […]

Богојески бара да и се одземат ингеренциите на Општина Чаир во урбанизмот


Зошто Владата не ги одзема ингеренциите на општина Чаир во областа на урбанизмот и дали на господинот Заев му е побитна коалицијата со ДУИ отколку правната држава? Ова се двете прашања упатени до Владата и лидерот на СДСМ, Зоран Заев ,кои денеска пред дивоградбата кај ТЦ Мавровка ги постави лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески. […]

Најголемите британски работодавачи не планираат наскоро да ги вратат вработените во канцеларија


Педесете најголеми работодавачи во Велика Британија немаат намера да ги вратат сите свои вработени со полно работно време во канцелариите во блиска иднина, покажа неодамнешно истражување. Во своето истражување, со кое се опфатени од банки до трговски друштва, Би Би Си ги праша кога имаат намера да ги вратат своите вработени во канцелариите. Од вкупниот […]

Новото детско игралиште во Кисела Вода оштетено од вандали


Општина Кисела Вода информира дека неодамна направеното ново детско игралиште во урбаната заедница „11 Октомври“, вчера беше оштетено од несовесни граѓани. Општината најостро ги осудува сторителите на ваквото дело, и воедно ги повикува граѓаните доколку забележат дека некој врши оштетување на јавните добра, урбана опрема, детски и спортски игралишта и сл. веднаш да пријават во […]

Отслужувал доживотен затвор, а по 37 години е прогласен за невин


 Американецот Роберт Дубоа од Флорида бил осуден за убиство и силување и мина 37 години в затвор… Но, пред извесно време, со помош на современа ДНК-анализа, тој е прогласен за невин. Државниот правобранител на Хилсборо, Ендрју Ворен изјави дека ДНК-анализата го решила случајот, во којшто Дубоа неправедно бил осуден 1983 година за силување и убиство […]

 Во пензија пет години порано?


Можност за предвремено пензионирање до максимум пет години пред остварувањето на правото на пензија, ама со намален износ, планира да овозможи Владата во следниот мандат. Мерката стои во владината програма за работа од 2020 до 2024 гоидна, но поради тоа што таму не се наведени рокови, не е прецизирано кога ќе бидат донесени овие законски […]

Спасовски: Во МВР се случуваа чудни работи


Од моментот на доаѓање на министер од опозицијата во МВР, таму се случуваа многу чудни работи и многу преместувања и деградации, кои не требаше да се случат ако сакаме да имаме полиција како што сите посакуваме, изјави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски, прашан за функцијата на која ќе замине како министер со изборот на новата […]

Шилегов: Од понеделник повторно прскање против комарци, секоја дезинсекција е под надзор на ЦЈЗ


Од понеделник ќе се врши терестрична дезинсекција на подрачјето на Градот Скопје против возрасни форми на комарци. Оваа дезинсекција ќе почне на 31 август и ќе заврши најдоцна до петок, 4 септември. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Како […]

ЕК: Очекуваме новата влада во Северна Македонија да ги почитува ЕУ заложбите


Европската Комисија очекува добра соработка со новата влада во Северна Македонија и посветеност кон ЕУ агендата, изјавија деенска од оваа институција. На новинарско прашање дали Европската Комисија навремено ќе го објави прогрес извештајот за Северна Македонија и дали ќе можат да започнат преговорите за членство во ЕУ, портпаролката на Европската Комисија не беше во можност […]

Расипан телефон меѓу Владата и Пошта – која банка треба да го преземе платниот промет


Прашањето за избор на нова банка преку која Макеоднска пошта ќе го извршува платниот промет и која ќе ја замени Еуростандард банка, која е во стечај, ќе треба да ја почека новата влада. Ваквиот заклучок произлегува откако денес на прес конференција премиерот на техничката Влада, Оливер Спасовски, одговорноста за избор на нова банка ја префрли […]

Се очекуваат безредија во Црна Гора на денот на изборите


Директорот на црногорската Управа на полицијата, Веселин Вељовиќ, тврди дека располагаат со оперативни податоци дека поединци и групи планираат предизвикување инциденти и немири на избирачките места на парламентарните избори во недела. -Нашите сознанија укажуваат дека овие лица преку друштвените мрежи и други канали заговараат за време на гласањето и по затворањето на избирачките места граѓаните […]