Босна и Херцеговина не се смирува: 311 новозаразени


 

Во последните 24 часа во БиХ регистрирани се вкупно 11 жртви од корона вирус, со што вкупниот број порасна на 577, додека 311 се новозаразени.

Во Федерацијата починаа 10, а еден пациент во Република Српска.

Во последното деноноќие во Федерацијата регистрирани се 238 случаи од 1.317 тестирани.

Во РС тестирани се 589 лабораториски примероци, а корона вирусот е потврден кај 71 лице.

Во Дистриктот Брчко регистрирани се два нови случаи. Од почетокот на епидемијата во БиХ од корона вирус заболеа 18.766 лица.