Вирусот повторно забрзува во Италија

 

За само една недела во Италија речиси двојно е зголемен бројот на новозаболени со корона вирус.

Расте и бројот на пациенти на интензивна нега, соопшти Фондацијата Гимбе.

Од 19 до 25 август, првиот период кога талијанските туристи се вратија од колективниот годишен одмор, регистрирани се 6.538 нови случаи со Ковид-19, што е речиси двојно повеќе во однос на претходната недела, кога беа идентификувани 3.399 новозаболен.

Истовремено, бројот на болнички пациенти заразени со корона вирус на интензивна нега се зголеми за осум.

Најголем број, или 90 отсто од новите случаи се во 11 региони.

Сепак, се истакнува дека овие податоци не може да се споредат со епидемиолошките податоци од првите месеви на кризата со ковид-19 во Италија.

Италија беше првата европска држава најтешко погодена со Ковид-19, па на почетокот на март воведе рестриктивни мерки, кои постепено се ублажуваа дури по три месеци.

Во италија од почетокот на кризата починаа повеќе од 35.000 луѓе од Ковид-19, што ја направи шеста земја во светот по смртсност, по САД, Бразил, Мексико, Индија и Велика Британија.