Во РЕК Осломеј се гради фотоволтаична централа


Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски оствари работна посета на РЕК Осломеј, Кичево и ја посети локацијата на која треба да биде изградена фотоволтаичната централа, прва во сопственост на АД ЕСМ.

Како што соопшти АД ЕСМ, подготвителните работи за изградба на фотоволтаикот се во тек и полека пристигнуваат потребните материјали.

– Реализацијата на овoј исклучително значаен проект за Државните електрани продолжува и покрај предизвиците што ги наметна пандемијата со Ковид-19 и политичките случувања во земјата, се наведува во соопштението.

 

Според развојната стратегија на АД ЕСМ, на површини во рудникот на РЕК Осломеј предвидена е изградба на две фотоволтаични централи. Ист таков капацитет од обновливи извори на енергија ќе се гради и во РЕК Битола.