Србија со 125 новозаразени, нема починати


 

Од 24 јуни до денеска не поминал ден во Србија, а да нема починат од Ковид-19. Денеска, здравствените власти не регистрирале ни еден смртен случај.

Регистрирани се нови 125 заболени од корона вирус, а тестирани се 8.836 лица.

Според последните информации на Министерството за здравје и Институтот „Батут“, на респиратори ширум земјата се 36 пациенти.