Хрватска: Нови 304 случаи со Ковид-19


 

Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска објави дека во последните 24 часа од Ковид-19 заболеле 304 луѓе, па бројот на активни случаи порасна на 2.420.

Од нив 194 се на болничко лекување, од кои 13 на респиратор.

Починаа две лица.

Вкупно во Хрватска се регистрирани 9.192 лица заболени од Ковид-19, а 177 починаа. Оздравеа 6.595. Во самоизолација се 8.388 лица.

Досега тестирани се 160.236 лица, од кои 2.849 во последните 24 часа.