Скромна прослава на Денот на рударите


Поради состојбата со Ковид 19 македонските рудари годинава нема да го прослават својот ден – 28 август како што го славеа порано. Сепак најголемиот македонски рудник за олово и цинк Саса кај Македонска Каменица, и покрај ограничувањата наметнати од корона вирусот и општата здравствена ситуација во државата, му го даде значењето на овој ден на […]

(Видео) Ураганот „Лoра“ остави шест жртви, урантини и направи пустош


  Ураганот „Лора“ жестоко ја погоди американската сојузна држава Луизијана, при што настрадаа најмалку шест лица. На својот пат, туркаше дрвја, корнеше покриви, превртуваше возила… Невремето сега премина во американската сојузна држава Арканзас каде што донесе обилни врнежи на дожд и силни налети на ветер. Во градот Вестлејк во Луизијана ураганот предизвика пожар во една […]

Во септември новата Влада ќе ги распредели директорските места


Рано е да се разговара за распределба за директорските места со ДУИ затоа што не е битен кој ќе раководи, туку дали кадрите одговараат за тие места, истакна мандатарот Зоран Заев одоговарајки на новинарско прашање кога најдоцна ќе бидат познати имињата на новите директори на поважните институции во новата Влада. -Во претходната Влада јас станав […]

Суд ја отфрли тужбата на Полански против американската Филмска академија


САД– Судот во Лос Анџелес ја отфрли тужбата на филмскиот режисер Роман Полански против Американската академија за филмски уметности и науки, која го исклучи од членство поради обвиненија за сексуални односи со 13-годишно девојче. Академијата 87-годишниот Полански, добитник на Оскар во 2003 година за „Пијанист“, го исклучи од членство во мај 2018 година поради обвинение за сексуална злоупотреба од […]

Заев: Новата Влада ќе работи на зголемен економски раст и подобрување на живеачката на граѓаните


Здравјето на граѓаните пред се, а потоа и зголемен економски раст до 2024 година, со крајна цел подобрување на живеачката на граѓаните. Ова го најави мандатарот за состав на новата Влада и претседател на СДСМ Зоран Заев, кој одговарајќи на новинарски прашања за време на прославата на Денот на градот во Макединска Каменица рече дека […]

Градинките може да почнат со работа и во септември


Се уште не е одлучено кога ќе почнат со работа, но тоа може да се случи во септември, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче. На прашањето кога ќе се отворат градинките министерот рече дека се е подготвено и на владина седница ќе треба да се одлучи кога точно ќе почнат со работа, а според […]

Традиционална крводарителска акција по повод Успение на Пресвета Богородица


Во Домот на АРМ во Скопје денеска се одржува традиционална крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, што оваа година се одржува по одобрени протоколи, согласно пандемијата со Ковид-19. Валентина Колеска, секретар на Црвениот крст на Северна Македонија – Општинска организација Центар, рече дека досега околу 60 крводарители учествувале во акцијата и ги […]

Лукашенко; Ситуацијата во Белорусија се стабилизира


Ситуацијата во Белорусија, каде по претседателските избори избувнаа протести, се стабилизира и сега е време да се решат економските проблеми, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко. – Хаосот на протестите во Белорусија е при крај, дојде време да се решат економските проблеми, рече Лукашенко за време на посетата на компанијата „Савушкин-Орша“. Претседателските избори во Белорусија се одржаа на 9 август. Според Централната изборна […]

Филипче: Навремено ќе имаме пристап до вакцините за Kовид-19 тогаш кога ќе бидат достапни


Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека набавката за вакцината против Ковид-19 ќе се врши преку механизмот КОВАКС при Светската здравствена организација. -Ковакс механизмот е механизам на СЗО којшто ќе обезбеди рамноправна дистрибуција на соодветна количина на вакцини согласно популацијата во одредени земји се додека не се достигне 20 проценти од населението да биде вакцинирано. […]

Во БиХ нови 293 заразени со Ковид-19, починаа девет пациенти


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа корона вирусот е потврден кај 293 лица, од кои во Федерацијата 214, а во република Српска 79. Тестирани биле 1.309 примероци во Федерацијата додека во република Српска тестирани се 489. Во Федерацијата починаа седум пациенти. Досега тестрани се 116.204 примероци, а вирсуот е потврден кај 11.763 […]

МБА: Банкарскиот систем е стабилен и сигурен, објавување невистини нанесува штета


Македонската банкарска асоцијација денеска реагираше на информации за  банкарскиот систем кои, како што велат можат да предизвикаат неоснован немир кај граѓаните. Од МБА нагласуваат дека банкарскиот систем е стабилен и сигурен. Изминатите денови е присутна појава на објави со неточни информации за  состојбите во банкарскиот систем и за поединечни банки, коишто можат да предизвикаат неоснован немир […]

Заев: Ако ВМРО-ДПМНЕ нема потпретседател, ќе се повлечеме и ние


Мандатарот Зоран Заев, при посетата на Македонска Каменица каде се одбележува Денот на рударите во Македонија, изјави дека неговата партија ќе се повлече од предлагањето свој потпретседател во Собранието, доколку тоа го стори и опозициската партија, со што ќе ги остават трите места за помалите партии. – „Во нивната изјава видов дека тие не го […]

Ванг: Кина прва го пријавила вирусот, но каде прво се појави


Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави дека Кина е првата земја што пријавила појава на коронавирусот во Светската здравствена организација, но тоа не значи дека вирусот потекнува од Кина. – Во претходните месеци видовме извештаи кои покажуваат дека вирусот се појавил во различни делови на светот, а можеби тоа било дури и пред да се појави во […]

Бизнисот од новата влада очекува итни мерки за спас


Од Сојузот на стопански комори очекуваат од новиот економскиот тим на Владата како приоритет во активностите да донесе мерки за спас и одржување на економијата, со оглед на тоа што кризата трае во континуитет веќе шест месеци Итни мерки за спас на економијата очекуваат стопанствениците од новата влада, чиј избор е најавен на утрешната седница […]

Од денеска задолжително носење на маска низ цел Париз


Носењето на маска од денеска е задолжително во Париз за пешаците, исклучоци се само „лицата кои имаат физичка активност – трчање или возење велосипед“ на сите јавни места, јави дописникот на МИА. Наспроти првата најава на префектурата дека во Париз ќе биде задолжително за сите на јавниот простор, без исклучоци, префектурата по реакцијата на велосипедистите и општинските […]

Ден на рударите – наградени најдобрите вработени во РЕК Битола и РЕК Осломеј


По повод верскиот празник Голема Богородица, кој се прославува и како Ден на рударите, во рударско-енергетските комбинати во Битола и во Осломеј беа доделени награди и признанија за најдобрите работници. Наградите ги додели Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АД Електрани на Северна Македонија, Васко Ковачевски, кој ги поздрави вработените и им го […]

„Јунајтед ерлајнс“ праќа 2.850 пилоти на принуден одмор


Авиокомпанијата „Јунајтед ерлајнс“ соопшти дека оваа есен ќе испрати до 2.850 пилоти на принуден одмор, освен ако американската Влада не им обезбеди поголема помош на авиокомпаниите за покривање на деловните трошоци за време на падот поради пандемијата. Јунајтед ќе испрати повеќе пилоти на одмор од Делта ерлајнс, кој планира принуден одмор за 1.941 пилоти, додека […]

Во три сообраќајки настрадаа моторџии


  Во три одделни сообраќајни незгоди, моторџии се здобиле со повреди. Во четвртокот, во 13 часот било пријавено дека во Скопје на ул.Лазар Личеновски А.М. (50) од Скопје управувајќи мотоцикл „апачи“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница “Св.Наум […]

Столтенберг: НАТО бара начин за да се избегне конфликт во Медитеранот


НАТО бара начини да избегне ненамерни конфликти во источниот Медитеран, додека ги поддржува германските дипломатски напори за смирување на конфликтот меѓу членките на НАТО Грција и Турција за енергетските ресурси, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. – Ја разгледувам можноста за развој на механизми на НАТО за спречување инциденти и несреќи, преку механизми за деескалација на […]

ВМРО-ДПМНЕ се откажа од потпретседател во Собранието


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев потврди дека партијата нема да предложи свој кандидат за потпретседател на законодавниот дом.Оваа партија смета дека пет потпретседателски места во парламентот се дополнително финансиско оптоварување, исто како и во претходниот собраниски состав кога ВМРО-ДПМНЕ  се откажа од оваа функција. Иако и тогаш парламентот утврди пет потпретседателски места, од кои […]