Во септември новата Влада ќе ги распредели директорските места


Рано е да се разговара за распределба за директорските места со ДУИ затоа што не е битен кој ќе раководи, туку дали кадрите одговараат за тие места, истакна мандатарот Зоран Заев одоговарајки на новинарско прашање кога најдоцна ќе бидат познати имињата на новите директори на поважните институции во новата Влада.

-Во претходната Влада јас станав премиер на 1 јуни 2017, а тоа го одлучувавме некаде во август, зошто, заради тоа што не се прави груба распределба кој каде ќе има одговорност туку кадрите кои се нудат на маса како потенцијал кој што ги имаме. Секако не само политичките партии, туку и експертите и професионалците во државата и така ќе ги утврдуваме, рече Заев.

Тој додаде дека најрано тоа би се случило во септември, кога ќе се носат тие одлуки, за до почетокот на октомври овие прашања да бидат решени.