Заев: Ако ВМРО-ДПМНЕ нема потпретседател, ќе се повлечеме и ние


Фото: Б. Грданоски

Мандатарот Зоран Заев, при посетата на Македонска Каменица каде се одбележува Денот на рударите во Македонија, изјави дека неговата партија ќе се повлече од предлагањето свој потпретседател во Собранието, доколку тоа го стори и опозициската партија, со што ќе ги остават трите места за помалите партии.

– „Во нивната изјава видов дека тие не го прифаќаат предлогот на Заев, ама ќе се повлечат. Ама сепак би дискутирале за тоа. Јас останувам на тоа што го кажав јавно – ако ВМРО-ДПМНЕ се повлече од предлог за потпретседател на Собранието, и СДСМ ќе се повлече. Ќе останат трите места за помалите партии, за нивна застапеност, а на тој начин ќе направиме рационализација. Го прашав досегашниот потпретседател на Собранието, Горан Мисовски„Горане, земате ли плата повеќе, вика 100 евра земаме плата повеќе.“. Не е заради платата или слично, веројатно канцеларијата, кола, не знам што следува со тоа, но, слушнавме реакции на граѓаните и затоа излеговме со еден ваков став. Верувам дека ќе продолжиме да ги слушаме граѓаните, многу често преку вас – новинарите. За да бидеме одговорна власт.“ – изјави мандатарот Заев.