ВМРО-ДПМНЕ се откажа од потпретседател во Собранието


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев потврди дека партијата нема да предложи свој кандидат за потпретседател на законодавниот дом.Оваа партија смета дека пет потпретседателски места во парламентот се дополнително финансиско оптоварување, исто како и во претходниот собраниски состав кога ВМРО-ДПМНЕ  се откажа од оваа функција.

Иако и тогаш парламентот утврди пет потпретседателски места, од кои две за опозицијата, тогаш ни Беса не номинираше кандидат за оваа функција. Во периодот 2018 – 2020, Собранието цело време функционираше со тројца потпретседатели – Горан Мисовски, Фросина Ременски и Весел Меменди, кој пред крајот на мандатот поднесе оставка од пратеничкото место.