Во три сообраќајки настрадаа моторџии


 

Во три одделни сообраќајни незгоди, моторџии се здобиле со повреди.

Во четвртокот, во 13 часот било пријавено дека во Скопје на ул.Лазар Личеновски А.М. (50) од Скопје управувајќи мотоцикл „апачи“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Истиот ден, во 12,15 часот било пријавено дека во Скопје на бул. „Трета Македонска бригада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “рено модус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.Л.(46) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.Џ.(55) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Џ. констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Во 10.50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гевгелија-Богданци се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со полуприколка, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(55) од Прилеп и мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од Б.П.(78) од Богданци. Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Јавната здравствена установа Гевгелија. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.