(Видео) Ураганот „Лoра“ остави шест жртви, урантини и направи пустош

 

Ураганот „Лора“ жестоко ја погоди американската сојузна држава Луизијана, при што настрадаа најмалку шест лица. На својот пат, туркаше дрвја, корнеше покриви, превртуваше возила…

Невремето сега премина во американската сојузна држава Арканзас каде што донесе обилни врнежи на дожд и силни налети на ветер.

Во градот Вестлејк во Луизијана ураганот предизвика пожар во една фабрика за хемиски производи, а експертите велат дека ќе бидат потребни неколку дена да се утврдат прецизните размери на материјалната штета од ураганите.

Досега, ураганот „Лора“ уништи или оштети над 800.000 објекти во три американски сојузни држави – Луизијана, Тексас и Арканзас.

„Ова е најсилната и најразорна бура која некогаш ја погодила Луизијана и се уште нема престанато да сее смрт и деструкција“, изјави гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс.

Засега, најсилните просечни налети на ветер се со брзина од 240 километри на час, што е значително повеќе од ветровите кои пристигнаа со ураганот „Катрина“ во 2005-та година и го разурнаа Њу Орлеанс.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека во текот на викендот ќе ги посети погодените подрачја и поради тоа го одложи својот говор пред Републиканската национална конвенција.

„Имавме среќа што тоа е голема и силна бура, но бура која брзо се движи“, изјави Доналд Трамп.