Манастирот во Матка слави Успение на пресвета Богородица со мерки за Ковид-19


Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Успение на пресвета Богородица, еден од најголемите празници посветен на Мајката Божја. Скопјани традиционално на овој ден го посетуваат манастирот посветен на Успението на пресвета Богородица во Матка, каде оваа година одбележувањето ќе биде согласност мерките за заштита од коронавирусот. По повод празникот, поглаварот на МПЦ – ОА г.г. […]

СЗО: Да се тестираат сите контакти без оглед на симптомите


Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сите лица кои биле во контакт со заразен со коронавирус треба да бидат тестирани, без оглед дали покажуваат симптоми. Оваа препорака на експертите на СЗО е дадена откако епидемиолозите во САД проценија дека тестовите не се неопходни за оние кои не покажуваат симптоми на болеста. Експертот на СЗО, Марија ван Керкове […]

Шах: Гари Каспаров и Магнус Карлсен за прв пат ќе се судрат по 16 години


Гари Каспаров ќе направи редок настап кога легендата, сега на возраст од 57 години, ќе се судри со светскиот шампион, Магнус Карлсен, на натпреварот на 10 играчи организиран од Сент Луис од 11 до13 септември. Ова ќе биде историски судир, иако е само шах преку интернет. Двајцата светски шампиони, кои се сметаат за најдобри играчи […]

ВМРО-ДПМНЕ пратило бивши затвореници да ја заплашуваат Илиевска


Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес е згрозен од примитивизмот со кој што беше направен обид да се заплаши поранешната пратеничка Весна Дамчевска Илиевска. Само луѓе со ниска политичка култура мислат дека ваквиот вандализам може да помине во 21 век , во земја која што треба да отпочне преговори за членство во ЕУ. Праќањето […]

Четврто издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“


Под посебни мерки и протоколи согласно насоките на Комисијата за заразни болести задутре по четврти пат ќе се одржи спортската манифестација „Охрид трчаТ“. Новонастанатите околности предизвикани од коронавирусот наметнаа посебни услови на организаторите така што оваа година бројот учесници е ограничен на 500 тркачи кои ќе бидат дел од двете трки низ улиците на Охрид. […]

Aпел за почитување на мерките на празникот Успение на Пресвета Богородица


По повод празникот Успение на Пресвета Богородица, кога се очекува зголемен број верници да ги посетат верските храмови, Министерството за здравство апелира да се почитуваат превентивните мерки и препораки за носење заштитна опрема (маска или марама), одржување дистанца од најмалку еден ипол до два метра, често миење и дезинфекција на рацете, како и избегнување на […]

Одобрението за градба на „Шпански скали“ прогласено за ништовно


Второстепениот орган при Министерството за транспорт и врски, ја одби жалбата на инвеститорот Амадеус Девелопмент ДООЕЛ за изградба на „Шпанските скали“, а со ова останува на сила решението издадено од општина Центар за ништовност на одобрението за градење на таканаречените „Шпански скали“, за чија изградба имаше многу негативни реакции во јавноста. Општина Центар, во мај […]

Најмалку три жртви во невреме во Мелбурн, меѓу нив и четиригодишно дете


Најмалку три лица загинаа во невреме што го зафати Мелбурн, а меѓу нив е и четиригодишно момче. Детето, на кое паднало дрво, починало подоцна во болница, а 59-годишен маж загинал кога дрво паднало врз неговиот автомобил, соопшти полицијата. Околу 50.000 домови во вториот по големина австралиски град сè уште се без електрична енергија. Службите за итни случаи добиле повеќе […]

Јапонскиот премиер Шинзо Абе ќе поднесе оставка поради здравјето


Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, треба да ја објави својата оставка подоцна во петок, според јавниот радиодифузен сервис НХК, во услови на зголемена загриженост за неговото здравје откако тој направи две болнички посети во текот на една недела. Официјални лица од владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП) претходно се обидоа да ги прекинат шпекулациите дека Абе можеби […]

Спасовски: Во периодот на современ развој, Пробиштип забележа експанзија во речиси сите области


Премиерот Оливер Спасовски на сите рудари од познатиот рударски град Пробиштип им го честиташе Денот на рударите, но и верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, покровителката и заштитничката на општината.   Спасовски вчера ја посети општина Пробиштип и се обрати  на свечената седница по повод 65 години од постоењето на оваа општина. Тој во име на […]

Македонец уапсен на Малта – осомничен за двојно убиство


Виктор Драгомански, Македонец од Скопје е уапсен на Малта како второосомничен за двојно убиство што се случило во градот Слиема, јавија медиумите во оваа земја. Тој  работел како обезбедувач во ноќен клуб во местото Пачевил, а уапсен е под сомнение за двојно убиство, објави TVM од Малта. До апсењето, тој се криел во хотелот Гзира. […]

Во Хавана воведен полициски час поради Ковид-19


Поради зголемувањето на бројот на заразени со корона вирусот, во кубанскиот главен град Хавана е воведен полициски час, а на граѓаните им е забрането да патуваат во други делови на земјата, информира гувернерот на Хавана, Реиналдо Гарсија Запата. Полицискиот час почнува на 1 септември од 19 до 17 часот и ќе трае најмалку 15 дена, рече Запата и […]

Нови пет милиони евра евтини кредити преку Развојната банка


Развојна банка денеска повлече уште 5 милиони евра за евтини кредити за домашните компании. Заклучно со оваа транша, досега се повлечени вкупно 30,6 милиони евра од вкупно 50,9 милиони евра предвидени како евтини кредити за домашните компании. Шестата транша од кредитната линија ЕИБ фаза 5 која ја користи Развојна банка, е одобрена за нови 8 […]

Од следната недела Северна Македонија со нова влада


До крајот на неделата се очекува Северна Македонија да има нова политичка Влада. Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре, сабота 29 август, ја закажа 10-тата седница на која треба да биде избрана Владата на мандатарот Зоран Заев. Единаесетата македонска Влада треба да биде избрана најдоцна до недела на полноќ. Џафери ја закажа седницата откако […]

Под сто нови случаи со Ковид-19, земјите од регионов ќе изработат протокол за отворање на границите


Во земјава во претходното деноноќие се регистрирани 89 нови случаи со Ковид-19 од направени 1.529 тестирања. Починати се седум пациенти, а оздравени 215 лица. Во меѓувреме, на видеоконференција на тема Ковид-19 во земјите од Западен Балкан, Грција и Бугарија, државите од регионов се договорија да изработат протоколи за отворање на границите. Вкупната бројка на Ковид […]

Целокупниот ефект е повеќе „џез“ отколку „класична“ музика, вели „Мјузик веб“ за „Македонисимо“ на Трпчески


Угледниот портал „Мјузик веб“ ја објави првата рецензија за албумот „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите, што денес е објавен под престижната британска етикета „Лин Рекордс“. Зборувајќи за концептот „да се понудат камерно музички-аранжмани на македонската традиционална музика“, критичарот Домини Клементс, истакнува: „Мора да се каже дека оваа мешавина од раскошни ритмички танци и нежно […]

„Македонисимо“ на Трпчески и пријателите објавен под британска етикета (видео)


Албумот на пијано виртуозот Симон Трпчески и пријателите, насловен „Македонисимо“, е објавен под престижната британска етикета „Лин Рекордс“, соопшти Здружението за култура и уметност „КултурОп“. Тој беше најавен со синглот „Не си го продавај, Кољо, чифликот (Омаж за Брамс)“. Како што изјави Трпчески во интервју за „Независен“, „албумот е фузија на фолк и класична музика, […]

Сончево со слаб до умерен јужен ветер


Времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. УВ=8 Во Скопје сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 34 степени. Продолжува периодот на сончево […]

„Астрономски центар“ крај Прилеп (галерија)


Паралелната база за заштита на податоци на Министерството за внатрешни работи крај Прилеп е еден од најспектакуларните објекти изградени во Македонија последниве децении. Во овој кружен бетонски објект, кој има посебно јадро во средината, треба да се чуваат информативните бази на МВР. Во голема мрежа на моќни компјутери  во иднина ќе се чуваат податоците на […]

Во Франција нови 6.111 заразени, најмногу од укинувањето на карантинот


Во Франција денеска се регистрирани 6.111 нови случаи на коронавирусот, што е најмногу од укинувањето на карантинските мерки и второто најголемо дневно салдо регистрирано од почетокот на епидемијата. Само на 30 март, на врвот на пандемијата, регистрирани се повеќе новозаразени лица – 7.548. Вкупниот број на заразени е 259.698, соопшти Министерството за здравство.