Шах: Гари Каспаров и Магнус Карлсен за прв пат ќе се судрат по 16 години


Гаспаров и Карлсен играа еден против друг во 2004 година кога Норвежанецот имаше 13 години

Гари Каспаров ќе направи редок настап кога легендата, сега на возраст од 57 години, ќе се судри со светскиот шампион, Магнус Карлсен, на натпреварот на 10 играчи организиран од Сент Луис од 11 до13 септември.

Ова ќе биде историски судир, иако е само шах преку интернет. Двајцата светски шампиони, кои се сметаат за најдобри играчи на сите времиња, се соочија еден со друг само во една претходна официјална манифестација. Тоа беше во брз шах во 2004 година во Рејкјавик, кога Карлсен имаше 13 години а Каспаров 41, една година пред неговото пензионирање.

Карлсен, разбирливо нервозен, беше победен во првата и втората партија, но извлече реми во третата.

Има повеќе историја помеѓу двете икони на модерниот шах. Во летото 2009 година, Русинот за кратко време стана тренер на Норвежанецот, но поради личниот судир помеѓу опуштеноста на Карлсен и интензивноста на Каспаров, тие наскоро се разделија. Тие тогаш одиграа неколку неформални партии во брз шах, кои беа ултраконкурентни. Како што рече Карлсен: „Ниту еден од нас не сака да загуби, особено не тој“.

Покрај Касперов и Карлсен, на теренот се наоѓа и светскиот играч број 2, Американецот Фабиано Каруана, кој го совлада Каспаров со 5-1 во брз шах во 2019 година, американскиот шампион, Хикару Накамура, чиј натпревар со Карлсен минатата недела привлече рекордна публика, и иранското чудо од дете Алиреза Фируџа (17), кого Каспаров никогаш не го запознал.