Најмалку три жртви во невреме во Мелбурн, меѓу нив и четиригодишно дете

Најмалку три лица загинаа во невреме што го зафати Мелбурн, а меѓу нив е и четиригодишно момче.

Детето, на кое паднало дрво, починало подоцна во болница, а 59-годишен маж загинал кога дрво паднало врз неговиот автомобил, соопшти полицијата.

Околу 50.000 домови во вториот по големина австралиски град сè уште се без електрична енергија.

Службите за итни случаи добиле повеќе од 1.700 повици за помош.