(Галерија) Како партиите ја водат кампањата во време на корона


Ден по ден, партиите се навикнаа да водат своевидна виртуелна кампања за изборите на 15 јули. Епидемијата на корона вирусот ги натера да се откажат од голем број од своите вообичаени изборни активности за време на сите изборни циклуси. Најважната работа е што ги нема митинзите (и големите во градовите и помалите). Одењето од врата …

(Галерија) Како партиите ја водат кампањата во време на корона Read More »

Интегра: Наоѓалишта со нафта и гас се кријат од нас дека постојат, а ги има


Средби со граѓани во Тетово вечерва остварија  кандидатите за пратеници од македонската конзервативна партија Интегра предводени од претседателот Љупчо Ристовски и носителката на листата во Шестата изборна единица, Виолета Србиновска. Партискиот лидер ја посочи програмата насоловена „Нова македонска ренесанса како визија за подобар живот во Македонија“. – Мора да настапи новата македонска ренесанса бидејќи не се гледа крајот на …

Интегра: Наоѓалишта со нафта и гас се кријат од нас дека постојат, а ги има Read More »

Црна Гора ги озакони истополовите бракови


Црногорските пратеници денеска го изгласаа Законот за животно партнерство на лица од ист пол. За усвојување на Предлог-законот за истополово партнерство беа потребни 41 гласови „за“, а тој беше изгласан од 42 пратеници. Организацијата ЛГБТИ Форум усвојувањето на законот го оцени како историски чекор во борбата за човековите права на ЛГБТИ лицата во Црна Гора.

Кодот на срамот: Екссопругата на Ден Браун го тужи за двоен живот додека биле во брак


САД- Поранешната сопруга на авторот на бестселерот „Кодот на Да Винчи“, Дeн Браун, поднесе тужба во која  тврди дека човекот познат по тоа што пишувал за заговори и тајните друштва водел двоен живот за време на нивниот брак, ја мамел со холандска тренерка на коњи и други афери. Во својата тужба поднесена во Њу Хемпшир, …

Кодот на срамот: Екссопругата на Ден Браун го тужи за двоен живот додека биле во брак Read More »

Независните до Мицкоски: Новата „бомба“ покажа кој го штител криминалот


Независната пратеничка група во досегашниот парламент денеска го обвини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека правел сѐ, да кочи и закони само за да штити криминал. Независните реагираат по денешната аудио „бомба“ во која Христијан Мицкоски му кажува на Зоран Милески – Кичеец дека се бори да не се усвои законот за јавно обвинителство, да падне СЈО …

Независните до Мицкоски: Новата „бомба“ покажа кој го штител криминалот Read More »

Мицкоски: „Ние учевме од нашите грешки“


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Пласница изјави дека програмата на партијата за изборите ја правеле Кедев, Николов, Силјановска, Каракамишева, Спасеновски, Климовски, Славески, Андреевски, Лазаров…   Внимателно оценувајќи дека претходните влади на ВМРО-ДПМНЕ имале грешки и дека не сака да ги амнестира, лидерот на партијата Христијан Мицкоски, поладнево изјави дека – „ние учевме од нашите грешки“. Зборувајќи …

Мицкоски: „Ние учевме од нашите грешки“ Read More »

Брисел ја подготви преговарачката рамка за Македонија


Нацрт-преговарачката рамка сега оди кај државите членки на ЕУ и деталите од неа ќе бидат објавени кога тие ќе го усвојат документот, по што ќе може да се одржи првата меѓувладина конференција   На првиот ден откако Германија го презеде претседателство со ЕУ, Европската комисија соопшти дека ги усвоила нацрт-преговарачките рамки за Македонија и Албанија, …

Брисел ја подготви преговарачката рамка за Македонија Read More »

„Вардар“ доби тешка група во Лигата на шампионите, еве го распоредот на натпреварите


Ракометарите на Вардар денес ги добија противниците во групната фаза од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ се во Група А со ПСЖ (Франција), Пик Сегед (Унгарија), Порто (Португалија), Киелце (Полска), Брест Мешков (Белорусија), Фленсбург (Германија) и Елверум (Норвешка). Група Б ја сочинуваат: Барселона, Веспрем, Кил, Алборг, Нант, Мотор, Целје, Загреб. Групната фаза започнува на 16/17 септември, …

„Вардар“ доби тешка група во Лигата на шампионите, еве го распоредот на натпреварите Read More »

Лукаревска: Знаеме дека граѓаните сакаат решенија, направивме многу, а можеме и повеќе и подобро


Знаеме дека граѓаните сакаат решенија, а СДСМ има јасна визија како да го продолжи патот на позитивни промени, затоа што направивме многу, а знаеме и можеме и повеќе и подобро, рече Сања Лукаревска, носител на изборна листа во ИЕ 2, на средбата со граѓаните во Старо Нагоричане. На средбата со граѓаните оцени дека довербата се …

Лукаревска: Знаеме дека граѓаните сакаат решенија, направивме многу, а можеме и повеќе и подобро Read More »

Богојески: Македонски концепт ќе менува, а нема само да коегзистира со власта


Големо незадоволство од досегашните политики и досегашниот избор од помало и поголемо зло. Граѓаните се презаситени од празни изборни ветувања и немање избор. Тоа се основите пораки кои граѓаните во Скопје ги споделија со Петар Богојески, носител на листа на кандидати за пратеници од ИЕ1 за Македонски концепт. Граѓаните, се вели во соопштението од Македонски …

Богојески: Македонски концепт ќе менува, а нема само да коегзистира со власта Read More »

ВМРО-ДПМНЕ ветува по 160 милиони евра годишно за субвенции за земјоделците


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа на Изборна единица 3 Игор Јанушев денеска  упати порака до граѓаните дека потребно е на 15 јули да се обединат и да ја донесат Обновата на Македонија. Јанушев вети инфраструктурни проекти, покачување на платите, отворање нови работни места, покачување на пензиите на пензионерите, намалување на данокот на …

ВМРО-ДПМНЕ ветува по 160 милиони евра годишно за субвенции за земјоделците Read More »

Рекордни 47.000 позитивни на Ковид-19 во САД за едно деноноќие


САД одбележаа неславен рекорд со нови 47.000 случаи на Ковид-19, најголемо зголемување на ново заразени во еден ден од почетокот на пандемијата, јавија американските медиуми. Најмногу нови случаи има во Аризона, Тексас и Калифорнија, иако има драстичен скок во Флорида, Џорџија и Јужна Каролина. Растечкиот број на позитивни случаи на коронавирусот ширум САД го принуди …

Рекордни 47.000 позитивни на Ковид-19 во САД за едно деноноќие Read More »

Зијадин Села: Време е за новата генерација на политичари да ги води Албанците од Северна Македонија


Предизборниот карван на коалицијата „Сега е време“ одржа два предизборни собири во Гостиварско, на кои присуствуваа лидерот на Алијанса за Албанците Зиадин Села и кандидатите за пратеници во шестата Изборна единица од Коалицијата „Сега е време“. При посетата на Дебреше, едно најголемите села во Гостиварско, Села го побара гласот за коалицијата за која, како што …

Зијадин Села: Време е за новата генерација на политичари да ги води Албанците од Северна Македонија Read More »

МФ: Граѓаните од денеска скенираат за три пати повеќе дневни награди преку МојДДВ #МојаНаграда


Граѓаните од денеска скенираат сметки за три пати повеќе дневни награди од порано преку МојДДВ #МојаНаграда. Како што соопшти Министерството за финансии (МФ), од денеска до крајот на годината секој ден ќе се доделуваат 30 награди по 1.000 денари. Според Министерството, за да се поттикнат граѓаните да го дадат својот придонес во борбата против сивата …

МФ: Граѓаните од денеска скенираат за три пати повеќе дневни награди преку МојДДВ #МојаНаграда Read More »

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица


НЛБ Банка води промотивна кампања за сите кредити за физички лица до 31.08.2020 година. Во рамки на кампањата сите кредити се нудат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка. Почнувајќи од 01.07.2020 година Банката ги намали варијабилните каматни стапки на станбените кредити со ЕУР клаузула. Клиентите можат да аплицираат за НЛБ Станбените кредити …

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица Read More »

Мисисипи го отстрани симболот на Конфедерацијата од државното знаме


Со потписот на гувернерот, јужната американска држава Мисисипи го отстрани амблемот на Конфедерацијата од своето знаме, кој масовно се смета за симбол на расизмот. Мисисипи беше последната американска држава чие знаме сè уште го содржеше тој амблем, пренесува Гласот на Америка. Републиканскиот гувернер Тејт Ривс вчера го потпиша историскиот закон со кој веднаш се укинува …

Мисисипи го отстрани симболот на Конфедерацијата од државното знаме Read More »

Сугарески: Преку 80 милиона евра за патната инфраструктура во Прилепско


Почнува асфалтирањето на регионалниот пат Лагово – Штавица – Витолиште, во Мариово. Ќе се рехабилитираат девет километри. Проектот вреден 650.000 евра, ќе се реализира преку програмата на ЈП „Македонија пат“. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој денеска беше на увид на работите со прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, нагласи дека патот е од исклучително …

Сугарески: Преку 80 милиона евра за патната инфраструктура во Прилепско Read More »

За три години земјоделците добиле речиси половина милијарда евра субвенции


 Грижата за земјоделците продолжува уште повеќе, обезбедуваме 200 милиони евра годишна финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната средба со граѓани и земјоделци во Кривогаштани, Могила и Ивањевци. Заев потенцираше дека изминатите три години се зголемија субвенциите, чија исплата се одвива редовно, навремено и неселективно со што, …

За три години земјоделците добиле речиси половина милијарда евра субвенции Read More »

„Охридско лето“ на 4 август, онлајн продажба на билети, гостите на дистанца од 2 метри


Националната установа „Охридско лето“ е пред реализација на најзначајниот фестивал во државата кој годинава слави 60 години од неговото постоење. Ова јубилејно издание ќе се одржува според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од Пандемијата Ковид 19 и препораките кои ги даде Комисијата за заразни болести. Благодарни сме што надлежните сепак најдоа решение за одржување на културните …

„Охридско лето“ на 4 август, онлајн продажба на билети, гостите на дистанца од 2 метри Read More »

Заврши големата хуманитарна акција на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС


Групацијата Новоматик во Македонија („Адмирал“, „Астра“ и „Казино Фламинго хотел Гевгелија) и АПЕКС Македонија во изминатиов период донираа  медицинска опрема во вкупна вредност од  200.000 евра! Во овој исклучително тежок период за граѓаните на нашата држава, како и за институциите кои се соочуваат со ефектите од пандемијата од КОВИД-19, групацијата Новоматик во Македонија (Адмирал, Астра …

Заврши големата хуманитарна акција на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС Read More »