(Галерија) Како партиите ја водат кампањата во време на корона


СДСМ на собир во Гевгелија

Ден по ден, партиите се навикнаа да водат своевидна виртуелна кампања за изборите на 15 јули. Епидемијата на корона вирусот ги натера да се откажат од голем број од своите вообичаени изборни активности за време на сите изборни циклуси. Најважната работа е што ги нема митинзите (и големите во градовите и помалите). Одењето од врата до врата е редуцирано, поздравувањето со луѓето, исто така. Претставувањето на програмите главно се сведува на мали собири на граѓаните на кои главно се повторуваат работите од програмските заложби, со по некоја остра забелешка за политичкиот противник.

На собирите генерално се почитуваат протоколите одредени од здравствените власти за безбедност при водењето на кампањата, но има и многу случаи каде препораките не се почитуваат, има многу луѓе на едно место, без неопходната социјална дистанца. Сите партии велат дека ги почитуваат протоколите, но многу фотографии покажуваат дека тоа не е баш секогаш така.

Во оваа галерија можете да видите како ја водат партијата политичките партии. Некои се од нашиот фоторепертер Борис Грданоски, а некои од партиските документации.

СДСМ

Собир на СДСМ во Велес
Радмила Шекеринска во Битола

 

ВМРО-ДПМНЕ

Собир на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

ВМРО-ДПМНЕ во Битола

 

ДУИ

 

КОАЛИЦИЈА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ И АЛТЕРНАТИВА

 

ДПА

 

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

 

ИНТЕГРА

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, СЕКОГАШ МАКЕДОНИЈА

 

ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА

 

ТВОЈА ПАРТИЈА

 

ЛЕВИЦА

 

ГДУ