Надал: Не би играл на УС Опен


САД– Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека нема да игра ако тој во овој момент треба да одлучи за неговото учество на УС Опен во Њујорк. Надал тренира во Шпанија, и ако не избиеше пандемијата, Ролан Гарос ќе се играше во овој момент и тој ќе се обидеше да го освои рекордниот 13-ти трофеј на […]

Полициски протокол за влез и излез од државата за време на карантинот


Граѓаните што ќе остварат влез или треба да ја напуштат државата за време на 80-часовниот карантин во одредени градови и забраната за движење во дел од градовите, ќе треба да го почитуваат воспоставениот протокол од Министерството за внатрешни работи. Движењето граѓаните треба да го пријават на бројот 192. – Граѓаните што ќе влезат во државата […]

Од ноќеска укинат полицискиот час во Лос Анџелес, Сан Франиско и Сан Хозе


САД – Градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети, изјави дека од синоќа се укинува полицискиот час што во градот беше воведен од минатата недела. Полицискиот час беше воведен како мерка на претпазливост од грабежи и насилство за време на демонстрациите за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Претходно, шерифот во округот Лос Анџелес кажа дека полицискиот час […]

Претпладне сончево, кон крајот на денот дожд


Претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, претежно во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната од 22 до 29 степени. УВ=7 Во Скопје, сончево […]

Директори од 179 компании во САД лани за плати добиле четири пати повеќе од средствата за истражување на заразни болести


Извршните директори на 179 компании во индустријата за здравствена заштита во САД однесоа дома речиси 2,5 милијарди американски долари во 2019 година. Најголем дел се од исплати за акции, се вели во анализата на „Аксиос“ (Axios.com) за финансиските досиеја. Големата слика: Оваа сума е четирипати повеќе отколку што на Центрите за контрола и спречување на […]

Мексико: 1.000 смртни случаи за 24 часа не се причина за вознемирување


  Претседателот на Мексико се обидува да го отстрани стравот кај граѓаните од епидемијата од корона вирус наведувајќи дека 1.000 смртни случаи во еден ден „не се причина за вознемирување“. Во средата вечерта министерот за здравство Уго Лопес-Гатал рече дека во Мексико за 24 часа регистрирани се 1.092 смртни случаи, двојно повеќе од претходниот ден […]

Мицкоски: Се распоредија специјалци како да сум светски терорист


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на ТВ21 се извини за „грешката“ што во време на епидемија седеше во затворен дел од ресторан со друштво, наспроти мерките што ги воведе владата. Според Мицкоски, пред ресторанот се распоредила цела чета од единицата за специјални единици како да е еден од позначајните светски терористи. Тој  исто така го повтори […]

Во првиот квартал годинава стапката на невработеност 16,2 отсто


Стапката на невработеност во првиот квартал од оваа година изнесува 16,2 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци во првото тримесечје од годинава, активното население во земјава изнесува 967.733 лица, од кои вработени се 811.106, а 156.627 лица се невработени. Според Државниот завод за статистика, од вработените 469 444 се мажи, додека 319 […]

Фудбал: ФФМ го прекина натпреварувањето во Првата лига и во Купот за сезоната 2019/2020


На вонредната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија одржана конференциски, имајќи ја во предвид целокупната епидемиолошка ситуација во земјата и фактот дека бројот на ново заболени секојдневно се зголемува, беа донесени следните одлуки: – Управниот одбор на ФФМ го прифати предлогот на Комисијата за натпреварување за прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во […]

Диего Кошта осуден на шест месеци затвор за затајување данок


Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Кошта (31) е осуден на шест месеци затвор за затајување данок, но благодарение на договорот со шпанското обвинителство, тој нема да оди во затвор, но мора да плати казна од околу 543,000 евра. Шестмесечната затворска казна е сменета за парична казна од 36.000 евра, на која доаѓа уште една казна […]

Научници: Лекот ибупрофен може да помогне во лечењето на корона вирусот


Научници: Лекот ибупрофен може да помогне во лечењето на корона вирусот Научниците направија испитување за да утврдат дали може лекот ибупрофен да помогне кај болните од корона вирус кои се во болница. За разлика од поранешните верувања, тие сметаат дека овој лек може да биде од голема помош. Тим од една лондонска болница и Кингс […]

Обвинителството ќе води истрага за повикот на владиката Агатангел


Откако митрополитот на Повардарската епарјија, Агатангел, ги повика верниците масовно да дојдат во црковните храмови во петок и сабота за одбележување на Задушница, обвинителството во Велес отвори предмет по допрен глас. Повикот на владиката Агатангел беше пркосно спротивставување на мерките на државните и здравствените власти за зауздување на драматичниот пораст на инфекциите со корона вирусот […]

Почна 80-часовниот карантин за најризичните и дневните рестрикции за останатите општини


Почна полицискиот час за граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Забраната за движење на граѓаните во овие општини ќе трае 80 часа, односно до понеделник до 5 часот. Во сите останати […]

Италија: Во повеќето региони нула или помалку од 5 нови случаи на корона


Повеќето региони во Италија во последните 24 часа забележаа или нула или помалку од пет нови случаи на корона вирус. Бројот на новозаразени во целата земја порасна за 177. Двоцифрен број новозаболени забележан е само во пет региони, најмногу во Ломбардија во која се појавија 84 нови случаи, што сепак е помалку од вчера, пренесе […]

Петровска: Задоцнетата превенција и неказнувањето не доведе до оваа ситуација


Испраќањето на пораката – „нема да казнуваме“, широко ја отвори вратата за оние што не го почитуваат законот. Се почувствуваа заштитени од полицијата која треба да го чува редот во државата, рече вечерва дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска. Петровска во вечерашното гостување на „Вин – вин“ потенцира дека таа и министерот Наќе Чулев […]

Бујар Османи и ИВЗ се главни виновници за зголемување на инфицираните, обвини Мендух Тачи


Мендух Тачи, првиот човек на Демократската партија на Албанците, го впери прстот кон вицепремиерот Бујар Османи и Исламската верска заедница како главни виновници за зголемувањето на бројот на инфицираните од корона вирусот. „Мислам дека неодговорноста на Бујар Османи и на поранешната и сегашната Исламска верска заедница, кои направија огромен притисок за да се отворат џамиите […]

„Виз Ер“ до 14 јуни нема да има летови до и од земјава


Ниско-буџетната авиокомпанија „Виз Ер“ најави дека ќе ја продолжи суспензијата на сите летови до земјава до 14 јуни. Суспензијата, како што наведуваат во соопштението, е резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Република Северна Македонија. Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови што ги направиле резервациите […]

Јавниот долг на Франција годинава 121 отсто од БДП


Предложениот ребаланс на буџетот на Франција за 2020 година, кој треба да биде претставен следната недела, предвидува јавен долг од 120,9 проценти од БДП оваа година, соопшти претставник на Министерството за финансии. Ваквото големо зголемување на јавниот долг е предизвикано од огромните расходи на државата, кои се мерат во милијарди евра, направени со цел да […]

(Галерија) Избори во време на корона – на Правниот факултет


И покрај корона кризата некои избори сепак се одвиваат. Со максимална безбедност и пертпазливост. На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во тек се изборите за сенатори за новиот Универзитетски сенат кои треба да завршат на 8 јуни, затоа што мандатот на сегашните сенатори им завршува некаде на крајот од месецот. На повеќето факултети и институти […]

Австрија целосно ја отвора границата кон Словенија


Словенците од полноќ ќе можат слободно и без никакви контроли да патуваат во Австрија, јави дописникот на МИА од Љубљана. За влез во соседна земја повеќе нема да биде потребно граѓаните на Словенија да прикажат негативен тест за Ковид-19. Реципрочно и официјална Љубљана реши Австрија да ја стави на спискот земји со поволна епидемиолошка слика, […]