Градоначалникот на Куманово почна да им верува на институциите


 Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски вели дека верува во институциите и професионалците откако јавното обвинителство од Куманово ја отфрли кривичната пријава против него и членот на Општинскиот кризен штаб, Горан Стојановски. Тој најави дека ќе преземе мерки со адвокатите. –Убеден сум дека вистината за овој монтиран случај излезе на виделина. Ќе ги преземам сите активности предвидени […]

Путин прогласи вонредна состојба по излевањето нафта во река во Сибир


Рускиот претседател Владимир Путин прогласи вонредна состојба откако 20.000 тони нафта се излеаја во река во Арктичкиот круг. Резервоар за гориво во електрана во близина на сибирскиот град Норилск се распадна минатиот петок, по што повеќе од 20.000 тони нафта се и излеаја во реката, јавува Би Би Си. Путин бил бесен откако разбрал дека […]

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат храмовите


Министерот за здравство Венко Филипче го повика епископот на Повардарската епархија, Агатангел, да го повлече повикот до верниците да ги посетат храмовите бидејќи гробиштата за Духовден ќе бидат затворени. -Јас го повикувам епископот да го повлече повикот да се посетуваат храмовите. Ова е многу осетлив период во овој момент на епидемиолошката крива и тој повик […]

Студија за коронавирусот: Децата ретко се преносители на заразата


Студија, спроведена од професорот Роберт Коен, потпретседател на француското здружение за педијатри и која ја пренесе „Ле Паризиен“ покажа дека децата се ретко преносители на корона вирусот, јави дописникот на МИА. Студијата целосно ја сврте улогата на децата во ширењето на епидемијата, откако на почетокот на пандемијата се тврдеше дека тие се големи преносители. Оваа […]

Бејл не сака да се врати во Премиер лигата


Герет Бејл не сака да се врати во Премиер лигата и најверојатно ќе ја заврши кариерата во Реал Мадрид. Ова го сподели агентот на велшкиот репрезентативец Џонатан Барнет. Триесет-годишниот играч долго време се поврзува со враќање во Англија, откако во Шпанија објавија за затегнати односи меѓу него и тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан. Герет […]

МЦМС: Десет отсто граѓани не веруваат дека постои корона вирусот, 42 отсто дека е излезен од лабораторија


Секој десетти граѓанин не верува дека постои корона вирусот, а над 40 отсто сметаат дека овој вирус е излезен од лабораторија, покажа истражувањето што го спроведе Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Истражувањето е составено од три дела, а во првиот дел се обработени прашањата поврзани со загриженоста за моменталната состојба во однос на Ковид-19, […]

Истражување на МЦМС: Жените се позагрижени поради Ковид-19 од мажите


Состојбата предизвикана од Ковид-19 беше причина МЦМС да ги провери ставовите на граѓаните поврзани со здравјето но, и со поголем број други состојби кои ги предизвика болеста. Истражувањето е составено од три дела, а во првиот дел се обработени прашањата поврзани со загриженоста за моменталната состојба во однос на Ковид-19, ставовите за потеклото на вирусот […]

Турција ги обновува летовите со околу 40 земји


Турција планира, во текот на јуни, повторно да воспостави авионски летови кон околу 40 земји, а веќе има постигнато прелиминарни договори за реципроцитет во авиосообраќајот со 15 земји, изјави денеска министерот за транспорт Адил Караисмаилолу. Со цел да се спречи ширењето на пандемијата на корона вирус, Турција ги затвори повеќето свои граници и, по значителниот […]

Во Србија уште 48 новозаразени, едно лице почина


Заклучно со 15 часот во Србија се потврдени уште 48 новозаразени, додека едно лице почина. Со тоа вкупниот број заразени порасна на 11.571, а починаа 246 пациенти. Денешните резултати претставуваат намалување во бројот на новозаразени во однос на вчера, кога имаше 69 нови случаи. Во последните 24 часа тестирани се 4.024 лица, а вкупно 261.266. […]

Германија гради сојуз со три држави заради вакцина за Ковид-19


  Германија и уште три држави членки на Европската Унија градат нов сојуз кој има за цел да обезбеди пристап до вакцини за корона вирус, еднаш кога ќе се дојде до нив. Целта е да обезбедат чесно дистрибуирање низ светот, објави стопаснкиот дневник „Ханделсблат“. Весникот го цитира министерот за здравство Јенс Шан и неговите колеги […]

Жбогар: Политичарите да одлучат за изборите што е можно поскоро


Не е до нас да ви кажуваме кога ќе се одржат изборите во вашата земја. Одлуката за избори е на вашите политичари и тие треба да ја донесат што е можно поскоро, со цел граѓаните да имаат некоја ориентација за она што ќе следува, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар. „Од моја страна гледам две ситуации, […]

Во 21 часот вечер почнува полицискиот час во Скопје, Штип, Куманово и Тетово


Од вечерва во 21:00 часот стапува во сила забраната за движење за граѓаните на сите општини во градот Скопје, и околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, како и за граѓаните на Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Одлуката за целосната забрана на движењето што ја […]

Сменет директорот на „Coty“ откако Кајли Џенер лажела за милијардите


САД– Coty Inc., сопственикот на линијата за убавина на Кајли  Џенер, Kylie Cosmetics, именува нов извршен директор неколку дена откако Форбс објави дека Џенер му дала на списанието лажни финансиски информации за нејзиниот бренд. „Coty“, која минатата година купи мнозински удел во „ Kylie Cosmetics “, го назначи за нов извршен директор Питер Харф, а […]

Врачени уште осум респиратори – донација од ЕУ


Донацијата од Европската Унија од уште осум уреди за механичка вентилација (респиратори) и различни единици на лична заштитна опрема, денеска беше предадена како поддршка за земјава во справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД-19. Со денешната донација и претходно дониратите 12 респиратори се заокружува бројката од 20 респираторни машини кои се набавени дел од 4 милиони […]

Инспекторите ќе ги проверуваат сместувачките објекти во Охрид, ќе казнуваат ако се издаваат


Продолжувањето со рестриктивните мерки за спречување на ширењето на епидемијата на коронавирусот значи дека се уште не е либерализирана понудата на сместувачки капацитети во туристичките центри во земјата. Тоа значи дека се уште е на сила целосната забрана за работа на сместувачките капацитети, како за поголемите објекти така и за приватните станоиздавачи. Од Пазарниот инспекторат […]

Сугарески: Тендери за обнова на преку 140 километри патишта во Пелагонија


Овој месец ќе бидат распишани тендери за седум патни правци во Пелагонискиот регион во должина од преку 140 километри во вредност од 25 милиони евра, што е потврда дека инвестициите во капиталните проекти се реализираат со големо темпо, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во Прилеп. Сугарески заедно со директорот на Агенцијата за […]

Се затвораат сите текстилни и кожарски фабрики во Штип


Со посебна владина уредба сите штипски текстилни и кожарски фабрики за време на карантинот целосно ќе го запрат производството. Оваа уредба е донесена денеска, а ја презентираше градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски на денешната прес-конференција, откако синоќа реагираа работниците, невладината „Гласен Текстилец“ и тој до Владата, да се донесе посебна уредба за Штип. – […]

Кривична пријава за ресторанот каде што вечерал Мицкоски


Прекршочна пријава против правното лице за оневозможување на службени лица во извршување на службена должност, но и кривична пријава бидејќи ресторанот извршувал угостителска дејност и во внатрешниот дел, се мерките што ги презел Пазарниот инспекторат по синоќешниот настан во Боемската улица во Скопје, во која беше инволвиран и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Одговарајќи на […]

За време на карантинот на 192 пријавете го поминувањето на границата


Со оглед на вчерашната одлука на Владата на РСМ за 80-часовен карантин за одредени градови како и забраната за движење во дел од градовите, МВР – по однос на потребата за движење на лица во текот на наредните три дена за пренос на граѓани што ќе остварат влез во државата или пак што треба да […]

Од понеделник прскање против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека терестричната дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци ќе почне на 08.06. (понеделник) и ќе се врши до 12.06. (петок), во период од 22 до 3 часот наредниот ден. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин […]