Во Србија уште 48 новозаразени, едно лице почина


Заклучно со 15 часот во Србија се потврдени уште 48 новозаразени, додека едно лице почина.
Со тоа вкупниот број заразени порасна на 11.571, а починаа 246 пациенти.
Денешните резултати претставуваат намалување во бројот на новозаразени во однос на вчера, кога имаше 69 нови случаи. Во последните 24 часа тестирани се 4.024 лица, а вкупно 261.266.
Во моментот во болница се 470 лица, а на респиратор се 15 пациенти.
Од Ковид-19 се излечени 6.910 пациенти, а стапката на смртност е 2.13  отсто.