Германија гради сојуз со три држави заради вакцина за Ковид-19


 

Германија и уште три држави членки на Европската Унија градат нов сојуз кој има за цел да обезбеди пристап до вакцини за корона вирус, еднаш кога ќе се дојде до нив.

Целта е да обезбедат чесно дистрибуирање низ светот, објави стопаснкиот дневник „Ханделсблат“.

Весникот го цитира министерот за здравство Јенс Шан и неговите колеги од Франција, Италија и Холандија кои во писмо до Европската комисија наведоа дека пристапот до вакцините е едно од најитните прашања со кои ЕУ во моментот мора да се занимава, пренесе Ројтерс.

Затоа оваа група држави се ангажираа за да постигнат најбрз и најдобар можен исход во преговорите со клучните актери во фармацевтската индустрија.

Четирите држави, кои делуваат на иницијатива на Берлин, сакаат да спречат ЕУ да изгуби во трката за вакцина од САД и Кина, известува весникот.

Напорите на американскиот претседател Доналд Трамп прв да добие пристап до пронаоѓачите на вакцини во замена за милијарда долари вложени во фармацевтски компании во Европа го гледаат со сомнеж, додава „Ханделблат“.

САД осигураа речиси третина од првите милијарда дози експериментални вакцини за Ковид-19 на „Астра Зенека“ ветувајќи им 1,2 милијарди долари.

„Ханделсблат’ цитира владини извори кои наведуваат дека Германија, Франција, Италија и Холандија разговарале со неколку фармацевтски компании, вклучително и „Астра Зенека“, за држани истражувачки фондови и гаранции за купување.

Европа мора да изгради јачина на пазарите за да преживее во борбата за вакцина, ги цитира весникот владините извори во Берлин.

Овие четири држави членки на ЕУ исто така разговарале и соБританија, Норвешка, Сингапур и Јапонија за можна соработка.