Турција ги обновува летовите со околу 40 земји


Турција планира, во текот на јуни, повторно да воспостави авионски летови кон околу 40 земји, а веќе има постигнато прелиминарни договори за реципроцитет во авиосообраќајот со 15 земји, изјави денеска министерот за транспорт Адил Караисмаилолу.

Со цел да се спречи ширењето на пандемијата на корона вирус, Турција ги затвори повеќето свои граници и, по значителниот пад на бројот на заразени, делумно, повторно воспостави домашни летови во понеделникот.

Караисмаилолу најави дека летовите ќе бидат повторно воспоставени во пет фази подоцна овој месец, додавајќи дека неговата земја е во преговори со 92 земји за безбедно повторно воспоставување на летовите.

– Веруваме дека значајна точка во глобалната борба против корона вирусот е зад нас, и сега треба да ги обновиме нашите врски ширум светот и трговијата, рече тој во писмена изјава.