Италија: Во повеќето региони нула или помалку од 5 нови случаи на корона


Повеќето региони во Италија во последните 24 часа забележаа или нула или помалку од пет нови случаи на корона вирус.

Бројот на новозаразени во целата земја порасна за 177.

Двоцифрен број новозаболени забележан е само во пет региони, најмногу во Ломбардија во која се појавија 84 нови случаи, што сепак е помалку од вчера, пренесе АП.

Вкупниот број заразени во Италија сега изнесува 234.013. Бројот на починати во Италија денеска порасна за 88 на 33.689.