Избоден маж во Гостивар


На улицата „Илинденска“ во Гостивар, вчера во 10.40 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Е.И.(34) од село Чегране, гостиварско, поради тоа што по вербална расправија со остар предмет му нанел неколку убодни рани на Б.А.(37) од истото село. Б.А. бил пренесен во Ургентен центар Гостивар каде му била укажана лекарска […]

Ангеловска-Бежоска учествуваше на 43. средба на Клубот на гувернерите


Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска учествуваше на 43. средба на Клубот на гувернерите на централните банки од Централна Азија, Црноморскиот Регион и Балканот, која заради околностите коишто ги наметнува пандемијата на ковид-19 се одржа телеконференциски. На средбата учествуваа гувернери и други претставници на централни банки од околу дваесет земји. Настанот претставуваше одлична можност […]

Со автомобил удрил во малолетник на велосипед


Малолетен велосипедист е повреден откако во него удрил автомобил. Според МВР, вчера во 16.30 часот на крстосницата од ул.„Никола Тесла“ и ул.„Руѓер Бошковиќ“ во Скопје, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ѓ.(28) од Скопје, удрило во велосипед управуван 17-годишен малолетник од Скопје. По незгодата велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум […]

Новиот изглед на канадскиот премиер го сруши Интернет: Трудо ја пушти косата и брадата


Канада– Во карантин, канадскиот премиер Џастин  Трудо (48) ја пушти својата виткана коса, а сега и со брадата ги воодушеви жените ширум светот. Канаѓаните го одобруваат новиот изглед на премиерот. Повеќето политичари ги кријата фотографиите од младоста, но не и Трудо.Вториот најмлад премиер на едно од најбогатите земји во светот освен со атрактивниот изглед, ги […]

Судот ѝ пресуди на шпанската влада: Здравствените работници се во право


Суд во покраината Арагон, на истокот на Шпанија, ја осуди регионалната влада затоа што на лекарите не им обезбедила заштитни материјали за лекување на заболените од корона вирусот. Како што јавуваат шпанските медиуми, тоа е прва ваква пресуда во Шпанија, една од земјите најпогодена од епидемијата. Во Шпанија во последните три месеци повеќе од 50.000 […]

Роналдо стана првиот фудбалер- милијардер


САД- „Форбс“ објави дека Роналдо станал милијардер и првиот во светот на фудбалот на кој му успеало тоа. Португалецот е само третиот активен спортист кој успеал да дојде до такво богатство, покрај него милијардери како играчи станаа и голферот Тајгер Вудс и боксерот Флојд Мејведер. Милијардер е и Мајкл Џордан, но славниот кошаркар по крајот […]

Бислимоски не очекува проблеми во енергетскиот сектор при евентуален втор бран на Ковид-19


Претседателот на регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски не очекува било какви проблеми во функционирањето на енергетскиот систем во земјава во пресрет на идната грејна сезона при евентуален втор бран на пандемијата со Ковид-19. Тој во интервју за МИА вели дека Регулаторната комисија за енергетика и компаниите веќе знаат како да се организираат и […]

Медицинското списание „Лансет“ го повлече истражувањето за хлорокинот


Едно од највлијателните и најпрестижни медицински списанија „Лансет“ го повлече истражувањето за лекот хидроксихлорокин, што беше објавен на 22 мај. “Тројцата автори вчера ја повлекоа својата студија. Тие не се во можност да направат независна ревизија на податоците врз кои се темели нивната анализа. Како резултат на тоа, тие заклучија дека веќе не можат да […]

„Дејли мејл“: Со грабнувачот на малата Медлин Мекејн била и девојка од Косово


Полицијата бара девојка од Косово, за која постои сомнение дека била со киднаперот на тригодишното британско девојче Медлин Мекејн, која во 2007 година исчезна во Португалија, јавува весникот „Дејли мејл“. Весникот наведува дека се верува дека девојката била во куќата со киднаперот во градот Пра де Луз во Португалија, кога Медлин Мекејн, која во тоа […]

Како ВМРО-ДПМНЕ не им верува ни на Светска банка ни на Владата


Србија го зајакнува здравството со заем од Светска банка од 100 милиони евра, Македонија уште чека на одобрените 90 милиони евра, бидејќи дополнителната заменичка-министерка за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, не сака да стави потпис Мирче Јовановски Кредитот од Светска банка во износ од 90 милиони евра, иако одобрен од бордот на оваа меѓународна финансиска институција и […]

Маск: Време е „Амазон“ да се разбие


Основачот на „Тесла“, Илон Маск, изјави дека компанијата „Амазон“ треба да биде „растурена“, откако писателот Алекс Беренсон соопшти дека оваа најголема светска платформа за продажба на мало не му дозволила да ја објави својата нова книга за коронавирусот. „Ова е лудо“, напиша Маск на Твитер, тагирајќи го сопственикот на Амазон, Џеф Безос. „Време е Амазон […]

Босанец рани тројца полицајци во Њујорк: Поврзан ли е со тероризам?


  Џенан Цамовиќ, Босанец кој живее во Америка, осомничен е дека ранил тројца полицајци во Њујорк, ФБИ сега истражува дали се работи за тероризам. Цамовиќ (20) едниот полицаец, кој бил пратен да спречи грабеж во текот на протестите поради убиството на Џорџ Флојд, го избодел со нож, а потоа ранил двајца со пиштол, велат од […]

Кауција од милион долари за тројцата полицајци од Минеаполис кои помагаа во убиството на Џоџ Флојд


САД–  Судот во Минеаполис одреди кауција од  еден милион американски долари за тројцата полицајци од овој град, кои се обвинети за помагање и поттикнување на убиството на Џорд Флојд, Афроамериканецот кој почина откако нивниот колега Дик Шовин речиси девет минути му клечеше на вратот. Казната за тројцата полицајци, кои вчера за првпат се појавија пред судот, […]

Време (е)


ЛЕЈЛА САБИТ Најголем подарок од бога, а ние не знаеме да го цениме. Малку ни е, многу ни е, некогаш не е време за ова, некогаш е време за тоа, нештата ни се случуваат предвреме или предоцна, се во свое време. Дојде време да не стигнуваме на време од немање време или што во државата […]

Светските лидери и донатори ветија 8,8 милијарди долари за вакцинирање на најсиромашните


Лидерите на најразвиените земји и светски познатите донатори, како „Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс“, ветија дека ќе обезбедат  8,8 милијарди долари за програмите за вакцинација во најсиромашните земји во светот, пренесуваат француските медиуми. Посочените 8,8 милијарди американски долари беа ветени на виртуелниот самит на „Вакцина Алијанса“ (Vaccine Alliance), на која присуствуваа повеќе од 50 земји, […]

Иноваторот Ангелков: Работиме на 20 респираторни машини кои ќе помагаат при дишење во болници и во домашни услови


Работиме на изработка на 20 респираторни машини кои ќе помагаат при дишење во болници и во домашни услови. Ќе може да ги користат сите оние кои имаат какви било проблеми со дишењето. Вака рече за МИА кавадаречкиот иноватор Димитрија Ангелков, за проектот на компанијата во која е управител, а создавањето на машините одлучи да го […]

Златен ковчег за Џорџ Флојд – градоначалникот клекна и плачеше


  Илјадници луѓе ноќеска присуствуваа на комеморацијата на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој минатиот понеделник беше убиен за време на полициско апсење во Минеаполис. Познати личности, активисти за граѓански права, политичари, обични граѓани, пријатели и семејството на убиениот Флојд беа меѓу собраните на комеморацијата во капелата на Универзитетот. Тие му оддадоа почит на Флојд стоејќи во […]

Земјоделците можат да работат и покрај карантинот


Земјоделците кои имаат работни обврски на нивите или фармите во нивното место на живеење, без дозволи може да се движат за време на карантинскиот викенд што почна синоќа од 21 часот. Земјоделците, пак, чии површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот во кое живеат и треба да патуваат, да сообраќаат по регионален пат, а […]

Хоти: Главен преговарач со Србија ќе бидам јас, согласно Уставот на Косово


Новиот премиер на Косово Авдулах Хоти вели дека тој ќе го води дијалгот за нормализирање на односите со Србија, затоа што тоа е негово право и обврска согласно Уставот на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во интервју за косовската јавна телевизија РТК, Хоти се повика на одлука на Уставниот суд на Косово од […]

Од утринава се отвораат границите меѓу Унгарија, Австрија, Чешка и Словачка


Од денеска се уникуваат ограничувањата за патувања меѓу Унгарија, Австрија, Чешка и Словачка, соопшти синоќа унгарскиот шеф на дипломатијата, Питер Сијарто. Во видео обраќање на Фејсбук тој кажа дека шефовите на дипломатиите на другите три земји во телефонски разговор се согласиле границите да се отворат утринава во 8 часот, пренесе агенцијата МТИ. „На граѓаните ќе […]