Време (е)


ЛЕЈЛА САБИТ

Најголем подарок од бога, а ние не знаеме да го цениме.

Малку ни е, многу ни е, некогаш не е време за ова, некогаш е време за тоа, нештата ни се случуваат предвреме или предоцна, се во свое време.

Дојде време да не стигнуваме на време од немање време или што во државата сите доцнат, ретко кој е точен.

Животот како и климата може многу да не изненадат.

Среќата да се претвори во тага.

По сонце да истури дожд.

Убавото време да се претвори во невреме.

А и кога сме на море или планина, често дува ветар.

Времето е менлива категорија, зависно од околностите.

Кога нешто чекаме, времето споро ни врви.

Кога ни е најубаво, времето ни поминува за миг.

Кога нешто ќе не разочара, велиме залудно потрошено време!

Можеби времето е тука за да откриеме кои сме и што сме.

Ама времето не може да ги избрише нашите спомени, вкусови на детството, незаборавните средби, пријателства, песни, филмови, патувања, соништа и мечтаења!

Како рекол мудриот Анте Поповски: Не ни минува времето, ни минува животот!

Во природата постои виша сила, а во животот најчесто ние си ја кроиме судбината.

Сами си ги избираме приоритетите.

Некој се задоволува со малку.

На некој ни многу не му е доста.

Некој парите ги става пред здравјето,

Некој интересите пред пријателите.

Некој функциите пред народот.

Некој кариерата пред семејството.

Внимавјте што ќе посакате, може да ви се оствари!

А и носете чадор за секој случај!