Роналдо стана првиот фудбалер- милијардер


САД- „Форбс“ објави дека Роналдо станал милијардер и првиот во светот на фудбалот на кој му успеало тоа.

Португалецот е само третиот активен спортист кој успеал да дојде до такво богатство, покрај него милијардери како играчи станаа и голферот Тајгер Вудс и боксерот Флојд Мејведер.

Милијардер е и Мајкл Џордан, но славниот кошаркар по крајот на кариерата успева да дојде до таа бројка.

Роналдо покрај тоа што добива огромна плата, тој е мета за спонзорски договори од кои го прави и најголемото богатство.