Со автомобил удрил во малолетник на велосипед


Фото: Б.Грданоски

Малолетен велосипедист е повреден откако во него удрил автомобил.

Според МВР, вчера во 16.30 часот на крстосницата од ул.„Никола Тесла“ и ул.„Руѓер Бошковиќ“ во Скопје, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ѓ.(28) од Скопје, удрило во велосипед управуван 17-годишен малолетник од Скопје.

По незгодата велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Скопје.