Избоден маж во Гостивар


На улицата „Илинденска“ во Гостивар, вчера во 10.40 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Е.И.(34) од село Чегране, гостиварско, поради тоа што по вербална расправија со остар предмет му нанел неколку убодни рани на Б.А.(37) од истото село.

Б.А. бил пренесен во Ургентен центар Гостивар каде му била укажана лекарска помош. Е.И. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.