Директори од 179 компании во САД лани за плати добиле четири пати повеќе од средствата за истражување на заразни болести


Извршните директори на 179 компании во индустријата за здравствена заштита во САД однесоа дома речиси 2,5 милијарди американски долари во 2019 година. Најголем дел се од исплати за акции, се вели во анализата на „Аксиос“ (Axios.com) за финансиските досиеја.

Големата слика: Оваа сума е четирипати повеќе отколку што на Центрите за контрола и спречување на болести им требаше да се подготват за сите „појави и инфективни заболувања“ минатата година, непосредно пред појавата на новиот корона вирус да се претвори во глобална пандемија.

Според бројките: Просечната плата на извршниот директор на таква компанија во 2019 година била приближно осум милиони американски долари, речиси исто колку и во 2018 година. Седумнаесет извршни директори заработиле повеќе од 30 милиони американски долари.

– Бројките беа пресметани со употреба на реални остварени добивки од акции и награди, што се во годишните документи за обелоденување на компании до Комисијата за хартии од вредност.

Највисокиот платен извршен директор на компанија за здравствена заштита во 2019 година беше – Мајкл Миног, од компанијата „Абиомед“ – кој заработил 123 милиони американски долари – еднакво на приближно 16 отсто од приходите на фирма за медицински помагала и половина од нејзиниот профит.

– Портпаролот на компанијата нагласи во изјава дека најголем дел од надоместокот на Миног за 2019 година „потекнува од акции и награди доделени во претходните 10 години“. Тој „се уште ги поседува овластените акции, е еден од најголемите акционери во компанијата и во моментов не зема плата во време на пандемијата на коронавирусот“.

– Во 2019 година, „Абиомед“ и лекари кои прифаќаат пари од компанијата лобираа во федeралната Влада да се отфрли предлогот за скратување на исплати на Медикер за операции што вклучуваат срцеви пумпи на Абиомед. Тие победија.

Помеѓу редови: Поддршка за Медикер за сите имаше импакт за индустријата во текот на 2019 година и оштетени цени на акциите на компаниите. Но, акциите на крајот се зголемија во последните два месеца од годината, бидејќи Волстрит предвидуваше многу профитабилна изборна година.

– Повисоките цени на акциите доведоа до поголеми исплати за директорите од врвот.

Вреди да се напомене: Годинашната анализа отстрани неколку извршни директори чии компании се купени и не ги вклучува нивните исплати за „златниот падобран“.

– На пример, анализата го исклучува Марк Тимни, од The Medicines Co. кој доби 66,3 милиони американски долари откако „Новартис“ ја купи компанијата; Кен Бурдик од WellCare, кој искешира 46,8 милиони долари по договорот со Centene; и Брент Саундерс на Аllergan, кој заработи 38,7 милиони долари од откупот на AbbVie.

Анализата, исто така, не вклучува надомест за 2019 година за топ директори на непрофитни болнички системи и повеќето осигуреници на Blue Cross Blue Shield затоа што не беа достапни.

Во 2018 година според анализа на „Аксиос“ – извршните директори на 177 здравствени компании во САД заедно заработиле  2,6 милијарди американски долари  – околу 700 милиони американски долари повеќе од она што Националните институти за здравје потрошиле за истражување на Алцхајмеровата болест во 2017 година.

(Axios.com)