Австрија целосно ја отвора границата кон Словенија


Словенците од полноќ ќе можат слободно и без никакви контроли да патуваат во Австрија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

За влез во соседна земја повеќе нема да биде потребно граѓаните на Словенија да прикажат негативен тест за Ковид-19.

Реципрочно и официјална Љубљана реши Австрија да ја стави на спискот земји со поволна епидемиолошка слика, а нејзините граѓани ќе можат без никакви проблеми или услови да влегуваат во Словенија.

– Вчера границата ја отвори и Италија, а од утре ќе можеме повторно слободно да патуваме и во Австрија, изјави портпаролот на Владата Јелко Кацин.

Покрај Австрија, на списокот држави чии граѓани ќе можат да влегуваат во Словенија од утре ќе бидат и Хрватска и Унгарија.