Јавниот долг на Франција годинава 121 отсто од БДП


Европската комисија предупредува дека кризата ја погодува земјата во време кога фискалниот простор е ограничен и кога за отплата доаѓаат големи износи на долг во 2020 и 2021 година

Предложениот ребаланс на буџетот на Франција за 2020 година, кој треба да биде претставен следната недела, предвидува јавен долг од 120,9 проценти од БДП оваа година, соопшти претставник на Министерството за финансии.

Ваквото големо зголемување на јавниот долг е предизвикано од огромните расходи на државата, кои се мерат во милијарди евра, направени со цел да се ублажат економските последици од кризата со коронавирусот.

Министерството за финансии, исто така, предвидува пад на потрошувачката на населението од околу 10 проценти оваа година, при што се очекува дека домаќинствата од претпазливост ќе ја зголемат заштедата за околу 100 милијарди евра.