Полицијата апсеше луѓе кои во полициски час беа затекнати надвор


Полицијата уапси 15 луѓе кои во време на полициски час, односно карантин во траење од 80 часот на територијата на Скопје, биле затекнати надвор. Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска, на подрчјето на полициската станица Бит Пазар, од 19 до 20 часот лишени од слобода се 15 лица кои не ја почитувале […]

(Видео)Во Бристол на протест урнат споменик на трговец со робови


За време на вториот ден од антирасистичките протести во Велика Британија, денеска во Бристол е урнат и фрлен во вода споменик на трговец со робови. Демонстрантите со јажиња ја турнаа бронзената статуа на Едвард Колстон, истакнат трговец со робови од 17 век, потоа ја влечеа по улиците на Бристол и ја фрлија во вода. Откако […]

Штиглиц: Помошта треба да стигне до оние на кои им е најпотребна, а не до најбогатите корпорации


САД се како тенџере кое секој момент може да зоврие, вели еден од најпознатите економисти и добитник на Нобеловата награда за економија во интервју за загрепски „Јутарњи лист“    Воопшто не сум изненаден од демонстрациите низ Америка бидејќи тие се последица на долго прикриваните проблеми, вели добитникот на Нобеловата награда за економија, Јозеф Штиглиц во […]

Уште едно долго топло лето во Америка


ИАН БУРУМА Сегашните протести во Америка многу потсетуваат на летото на гневот од 1968 година по убиството на Мартин Лутер Кинг. Тогаш на изборите во ноември победи Ричард Никсон, кој ветуваше „ред и закон“   Може ли Соединетите Држави да се соочат со повторување на летото од 1968 година? Тогаш, исто така, во светот се […]

Кина тврди дека веднаш ја известила СЗО за епидемијата на корона вирусот


Кина веднаш ја извести Светската здравствена организација и другите релевантни земји за епидемијата на корона вирусот, се вели во извештајот на Канцеларијата за информации на кинеската Влада објавен денеска. Во извештајот се додава дека Кина „поделила цела секвенца на геномот и специфичните прајмери и сонди за откривање на Ковид-19 и редовно ја известувала Светската здравствена […]

Тирана ќе гради посткорона населба според план на италијански архитекти


Италијанското студио „Стефано Боери архитекти“ и албанското студио за архитектура „СОН-Груп“ го изложија планот „Тирански брег“, наслеба во главниот град на Албанија дизајнирана да одговори на потребите на посткорона животот. Мастер планот за 12.000 жители на јавно земјиште во близина на реката Тирана е дизајниран да биде одржлив и еластичен на корона вирусот. „Ова е […]

Естонија: Направи сообраќајка, па со пиштол уби двајца и рани тројца


  Маж кој учествувал во судар на југозападот на Естонија, почна да пука при што уби двајца, а рани тројца, меѓу кои и две деца, соопшти полицијата. Маж на 32-годишна возраст уапсен е утрово по широка полициска акција во близина на градот Лихул, што е во близина на местото на несреќата, пренесе АП. Според полицијата, […]

Во Велика Британија за првпат помалку од 100 починати за еден ден


Велика Британија денеска има помалку од 100 нови смртни случаи од корона вирусот за еден ден, првпат од затворањето на земјата. Министерството за здравство и социјална заштита соопшти дека починале 77 лица, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 во Велика Британија се зголеми на 40.542. Денешната бројка е најниска од 23 март – […]

Колин Пауел најави поддршка за Бајден, а не за Трамп


Поранешниот државен секретар и поранешен началник на Генералштабот на САД Колин Пауел денеска изјави дека ќе гласа за демократскиот кандидат Џо Бајден, со што стана првиот истакнат републиканец кој јавно го поддржа ривалот на претседател Доналд Трамп на претседателските избори во ноември. – Имаме Устав. И ние мора да го следиме тој Устав. А претседателот […]

Трамп ѝ нареди на Националната гарда да се повлече од Вашингтон оти „се е под контрола“


  Американскиот претстедател Доналд Трамп најави повлекување на Националната гарда од Вашингтон бидејќи ситуацијата е „под совршена контрола“, но предупреди дека трупите може да бидат пренасочени ако немирите продолжат. „Штотуку наредив нашата Национална гарда да почне постапка за повлекување од Вашингтон, сега кога се е под совршена контрола“, твитна претседателот Трамп. ДОдаде дека трупите сега […]

Во Кина после две недели регистриран првиот „домашен“ случај на корона вирус


Кина после две недели го пријави првиот случај на зараза кој не дошол од странство, а заразеното лице е од островот Хаинан. Националната здравствена комисија соопшти дека имало само пет увезени случаи во изминатите 24 часа. Во Кина се заразени вкупно 83.036 лица. Кинеските власти тврдат дека го запреле ширењето на вирусот Ковид-19 на нивна […]

Повеќе од 100.000 заразени со корона вирусот во Саудиска Арабија


Бројот на заразени со корона вирусот во Саудиска Арабија надмина 100.000 откако бројот на новозаразени за еден ден за првпат е поголем од 3.000, објави саудиското Министерство за здравство. Во земјата со 30 милиони жители, заразени се вкупно 101.914 лица. Бројот на смртни случаи досега изнесува 712.

Како бројот на оздравени во Србија за еден ден се зголеми за 4.000?


Бројот на излечени пациенти во Србија од Ковид-19 за само еден ден порасна за нешто повеќе од 4.000, што предизвика многу недоумици. Заменик-директорката на институтот „Батут“ Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ вели дека нема непрофесионални или немедицински причини за тоа. Таа вели дека во петокот Кризниот штаб донел одлука кај асимптоматските случаи да биде потребен само еден ПЦР […]

Денеска во Србија има 82 нови случаи од Ковид-19, почина едно лице


Во последните 24 часа во Србија забележани се 82 нови случаи од корона вирус, а тестирани беа 3.317. Почина еден пациент, а од почетокор на епидемијата во Србија до сега починале 249 пациенти. Во моментот на респиратори се 15 пациенти, пренесе Б92.

Во Чаир најголем број активни случаи, најмалку во Сопиште


Главниот град и денеска со најголем број новозаболени од Ковид-19, вкупно 63, а од скопските општини Чаир предничи според бројот на активни случаи заразени од коронавирусот – 152, покажува најновата статистика на Министерството за здравство. Во билансот за состојбата со Ковид-19, што денеска го објави Министерството, регистрирани се 111 новозаболени, а изнесени се и бројките […]

И тренерот на „Парма“ позитивен на Ковид – 19, трет во Серија „А“


Тренерот на Парма, Роберто Д’Аверса потврди дека е заразен со коронавирус. – Имав благи симптоми, па затоа не направив тест, рече Италијанецот. Четириесет и четири-годишниот стручњак е трет тренер во Серија „А“ кој призна дека е заразен со КОВИД-19. Пред него, тренерите на Фиорентина и Аталанта Бепе Јакини и Џанпјеро Гасперини споделија дека се заразени […]

Мицкоски се повикува на „Форбс“, Македонија не е меѓу стотте најбезбедни земји во борбата против Ковид-19


Дури и Лаос, Камбоџа, Парагвај, Бангладеш, Иран, па и изворот од каде се започна Кина, се побезбедни земји во однос од Корона вирусот, споредено со Македонија, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијаан Мицкоски . Тој вели дека магазинот „Форбс“ ја објавил листата на 100 најбезбедни земји во светот во однос на Корона вирусот, а Македонија воопшто […]

Ваучерите за домашен туризам ќе бидат испратени до граѓаните во текот на следната недела


Платфрмата domasiedoma.gov.mk и pushimenevend.gov.mk преку која ќе се реализира мерката за ваучери за домашен туризам на Министерството за економија ќе биде оперативна во текот на следната недела, соопштија од Министерството за економија.  Преку оваа платформа Министерството за економија ќе ги испрати ваучерите за домашен туризам на сите граѓани кои ги исполнуваат условите. Ваучерот кој ќе […]

За време на пандемијата, половина свет нема пристап до Интернет


За време на изолацијата воведена поради пандемијата на коронавирусот, Интернетот беше „прозорец кон светот“ за милијарди луѓе, меѓутоа, милијарди други сè уште немаат пристап до Интернет. Според Обединетите нации, таков е случајот со речиси половина од светската популација – или 46 проценти од луѓето ширум светот, кои за време на пандемијата немале директен пристап до […]

ДУИ реагира на лажните вести околу здравствената ситуација


Демократската унија за интеграција реагира на, како што оценува, бескрупулозна кампања на лажни вести и пропаганда околу здравствената ситуација, начелно во платформите на социјалните мрежи и електронските медиуми. -Приливот на дезинформации, лажните вести и пропагандата резултираа со медиумска инфодемија и контролирање на јавниот дискурс што ја загрозува кредибилноста на напорите за надминување на пандемијата, но […]