Тирана ќе гради посткорона населба според план на италијански архитекти


Италијанското студио „Стефано Боери архитекти“ и албанското студио за архитектура „СОН-Груп“ го изложија планот „Тирански брег“, наслеба во главниот град на Албанија дизајнирана да одговори на потребите на посткорона животот.

Мастер планот за 12.000 жители на јавно земјиште во близина на реката Тирана е дизајниран да биде одржлив и еластичен на корона вирусот.

„Ова е прва населба во Европа што е дизајнирана во договор со владата и градските власти која може да одговори на новите потреби од посткоронската фаза на пандемијата, како и исполнување на сите барања за одржливост што ги бара сегашната климатска криза“, изјавија од „Стефано Боери архитекти“.

„Тирански брег“ е еден од трите мастер планови нарачани од Општина Тирана за локалитетот од 29 хектари, каде има намера да изгради згради за домување, канцеларии и продавници.

Со својот дизајн, „Стефано Буери архитекти“ има за цел да создадат печашки „град од соседството“ што се фокусира на вежбање и ќе вклучи паметни технологии и широки градини на покривите за да помогне да се спречи ширењето на корона вирусот.

„Покривите, добро поврзани меѓу нив, ќе станат еквивалентни во блиска иднина на нашите станбени дворови: места на интензивен колективен, но не и јавен живот“, велат од „Стефано Боери архитекти“. (Дезен)