СОНК: Најновата Уредба е јасна, очекуваме изборната комисија при УКИМ да ги стопира и одложи сите активности


Се чини дека е јасна најновата Уредба на Владата за замрзнување на изборните активности на УКИМ сè до завршување на вонредната состојба во државата. Во текот на денот очекуваме изборната комисија при УКИМ да ги стопира и одложи сите свои активности, со што не би ги довеле во опасност по здравјето поголем број наши членови, […]

Бура во „Њујорк тајмс“ поради објавена колумна, оставка на висок уредник


Новинарите се побунија откако беше објавена колумна на сенатор од Арканзас во која тој повика да се употреби војската за справување со демонтрантите   Висок уредник во „Њујорк Тајмс“ поднесе оставка по гневната реакција поради објавувањето на весникот за контроверзната и нефилтрирана колумна, напишана од републикански сенатор. Написот на Том Котон, сенатор за Арканзас и […]

Злоупотреби со државната помош во Словенија


Во Словенија се откриени повеќе злоупотреби на државната помош за компаниите погодени од пандемијата на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана. Од Центарот за работни советници, објавија дека некој работодавачи прават малверзации со делот до помошта која се однесува за работниците кои поради намалениот обем на работа се испратени дома. Откриено е дека некои […]

Црна Гора бара објаснување од Србија како излекувала 4.000 заразени за еден ден


Институтот за јавно здравје на Црна Гора ќе испрати барање за појаснување до колегите од Србија, откако беа објавени информациите дека во земјата над 4.000 пациенти со коронавирус биле излекувани во еден ден. Според порталот Антена М, оваа информација предизвикала неверување во Црна Гора, бидејќи претходно за два месеци биле излекувани околу 6.000 заразени лица. […]

Словенија воведе карантин за сите кои биле во Македонија


Словенечката Влада објави дека донела одлука сите оние кои доаѓаат од Северна Македонија да мораат да одат во задолжителен 14 дневен карантин, јави дописникот на МИА од Љубљана. Ваквата одлука важи за сите, без разлика дали се државјани на Словенија, Северна Македонија или држава членка на Европската Унија. – Епидемиолошката ситуација во Северна Македонија е […]

Полицискиот час не го почитувале 204 лица, 180 се приведени во изминатото деноноќие


На 511 лица им се издадени решенија за изолација, а 70 потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава. По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 318 прекршоци, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Од страна на полициски службеници, изршени се контроли кај […]

Претседателот на Бразил забрани да се објавува бројката на починати и заразени од корона вирусот


Бразилската влада е обвинета за тоталитаризам и цензура, откако престана да ги објавува вкупните бројки на случаи со Ковид-19 и на починати, а од службената страница ги избриша и податоците за тестирањето. Инсајдери на Министерството за здравство за локалните медиуми изјавија дека овој потег го наредил лично крајно десничарскиот претседател Жаир Болсонаро – и беше […]

Вакцината против новиот корона вирус најверојатно во две дози, најавуваат научници


За да се стекне целосен имунитет, луѓето веројатно ќе треба да се вакцинираат против новиот корона вирус двапати, пишува Ју-Ес-Еј Тудеј. Интервалот помеѓу двете дози веројатно ќе биде околу еден месец, а можно е дека ќе биде потребна дополнителна доза (booster) неколку години подоцна. Научниците ширум светот работат на создавање на вакцина против вирусот САРС-КоВ-2, […]

Олеснување на рестриктивните мерки во Данска


Во Данска од денеска е дозволено јавно собирање на 10 до 50 лица, соопшти данското Министерство за здравство. Во рамките на ублажувањето на мерките, воведени со цел спречување на ширењето на Ковид-19, од 15 јуни на туристите од одредени европски земји ќе им биде дозволено да влегуваат во Данска. Во земјата досега се пријавени малку […]

Дали работата од дома е одржлива


Долготрајната работа од дома носи со себе голем број предизвици, како организациски така и психолошки   Пандемијата на новиот коронавирус го смени начинот на кој луѓето работат, а скоро сите професии што би можеле да се преселат од канцеларијата во нивниот дом го сториле тоа. Иако оваа практика постои од порано, овие случаи беа претежно исклучок, а не правило. Според некои навестувања поттикнати […]

Полицијата во Минеаполис ќе се расформира


Полицијата во Минеаполис ќе биде „расформирана“, објавија властите на американскиот град каде што за време на полициско апсење беше убиен Афроамериканецот Џорџ Флојд. „Ние сме за распуштање на полициската служба каква што ја знаеме во градот Минеаполис“, рече претседателот на Градскиот совет, Лиза Бендер, за Си-Ен-Ен. Таа додаде дека властите, заедно со локалното население, ќе […]

Од денес двонеделен карантин за тие што влегуваат во Велика Британија


Од денеска стапуваат на сила новите правила според кои секој кој влегува во Велика Британија мора да оди во изолација 14 дена. Лицата кои влегуваат во земјава, вклучително и британски државјани, ќе треба да дадат адреса каде ќе извршат самоизолација и доколку ги прекршат правилата, можат да бидат казнети со казна до 1.000 фунти. Министерката […]

Затворен бар на плажа на Миконос поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19


Грција – На грчкиот остров Миконос, во еден од познатите барови на плажа, поради низа прекршувања на мерките на претпазливост и предвидените протоколи за спречување на ширењето на Ковид-19, меѓу другото за организирана забава со диџеј, како и за големиот број гостите, така и за растојанието меѓу нив, била изречена казна од 20.000 евра и […]

Нов Зеланд ќе ги укине сите мерки, освен на границите


Нов Зеланд ја елиминираше епидемијата на коронавирусот и ќе ги укине сите мерки, освен оние на границите, најави премиерката Џасинда Ардерн, со што оваа јужнопацифичка земја е една од првите во светот што го направи тоа. Владата од денеска на полноќ ќе ги укине мерките за физичко растојание и ќе премине од ниво 2 на […]

Во Ротердам меѓу банани пронајдени повеќе од две тони кокаин


Холандската полиција во пристаништето Ротердам заплени повеќе од два тони кокаин чија вредност е проценета на повеќе од 151 милиони евра, соопштија локалните власти. Според обвинителството во Ротердам, 2.020 килограми кокаин биле пронајдени во пратка банани од Еквадор која била наменета за унгарска компанија. Пристанишните цариници на Ротердам минатата година заплениле вкупно 38 тони.

Во Хјустон денеска ќе биде погребан Џорџ Флојд


Афроамериканецот Џорџ Флојд ќе биде погребан денеска во Хјустон, чие убиство во полициска акција во Минеаполис предизвика протести низ САД, но и во целиот свет. Комеморацијата ќе трае шест часа во Хјустон, по што ќе биде погребан, пренесоа американски медиуми. Флојд почина на 25 мај за време на апсење, кога полицаец му го притисна вратот […]

Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали ќе се воведат нови рестриктивни мерки


Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој ќе се одлучува дали повторно во земјава ќе биде воведен полициски час или ќе се пристапува поригорозно кон веќе донесените мерки, како носење заштитина маска, држење растојание од два метри и негрупирање, со цел спречување на ширењето на вирусот КОВИД-19. По одлуката на Комисијата ќе […]

Сончево со мала до умерена облачност, попладне локален дожд


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален дожд, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе достигне од 22 до 30 степени, а УВ индексот 7, најави […]

Со вчерашните 111 заразени од КОВИД-19, бројот на активни случаи во земјава достигна 1.226 лица


Во земјава вчера беа регистрирани 111 новозаболени од КОВИД-19, а досега бројот на активни случаи е 1 226. Две лица вчера починаа – пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години. Шест пациенти се оздравени. Најголем број од новорегистрираните случаи се во Скопје – 63, потоа […]

Тропската бура Кристобал го погоди југоисточниот дел на САД


Тропската бура Кристобал го погоди брегот на југоисточната американска држава Луизијана, објави американскиот Национален центар за урагани. Невремето, кое со себе донесе ветер од 85 километри на час, се наоѓа на околу 80 километри југоисточно од Њу Орлеанс. Центарот за урагани претходно соопшти дека прогнозира оти тропската бура ќе предизвика обилни дождови на потегот од […]