Полицијата апсеше луѓе кои во полициски час беа затекнати надвор


Фото: Б. Грданоски

Полицијата уапси 15 луѓе кои во време на полициски час, односно карантин во траење од 80 часот на територијата на Скопје, биле затекнати надвор.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска, на подрчјето на полициската станица Бит Пазар, од 19 до 20 часот лишени од слобода се 15 лица кои не ја почитувале забраната за движење, и тоа на улиците „Методија Митевски“, „Емин Дураку“, „Вуковарска“, „Панче Неделковски“, „Лазо Трповски“ и „Никола Карев„.

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни контроли на територијата на целата држава со цел санкционирање на непочитувањето на мерките за справување со Ковид 19.

Апелираат граѓаните да ги почитуваат овие мерки и заеднички да придонесеме во спречување на ширењето на коронавирусот.

Полицискиот час завршува утре, во 5 часот наутро.