Денеска 111 заразени, двајца починаа, шест оздравени


Во последните 24 часа се направени 854 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи на Ковид-19, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. – Скопје 63 – Куманово 11 – Штип 12 – Тетово 8 – Велес 3 – Охрид 1 – Гостивар 3 – Крива Паланка 1 – Кочани 9 На […]

Околу 115 илјади граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам


Околу 115.000 граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам, како дел од третиот пакет економски мерки со цел поддршка на туризмот, објави лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот Фејсбук профил. Граѓаните кои ги исполнуваат условите, на својата електронска пошта ќе добијат QR код во вредност од 6.000 денари и упатство за користење. – Да […]

Девет позитивни на Ковид-19 по скринингот во градинката „Павлина Велјанова“ во Кочани


По скрининг тестирањето во детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани утврдено е дека девет вработени во јавната општинска установа се позитивни на корона вирусот. Специфично за добиените резултати е што сите заразени лица воопшто не покажувале симптоми на Ковид-19, поради што градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев апелираше граѓаните да ги почитуваат законските мерки за заштита. […]

На Халкидики бараат помош од Мицотакис за туристичката сезона, имаат три возила за брза помош и 10 кревети за сомнителни случаи


Сите туристички објекти без разлика на нивниот капацитет да бидат поврзани со лекар кој ќе управува со сомнителните случаи; создавање мрежа за земање примероци во самите туристички објекти; зајакнување на постоечките здравствени центри и болници со опрема за правење анализи, како и со дополнителни кревети; дополнителен персонал во службите за брза помош, но и обезбедување […]

Велика Британија од 15 јуни ги отвора верските објекти и продавниците во моловите


Верските објекти во Велика Британија ќе ги отворат своите врати за верниците на 15 јуни, како дел од олеснетите  рестриктивни мерки што беа воведени за борба против коронавирусот, но со некои ограничувања на досега познатата пракса. За истиот датум е најавено и отворањето на некои продавници, како што се тие во трговските центри. Во верските […]

(Видео) Гром го раскина најголемото американско знаме


Удар од гром го раскина на половина најголемото знаме на САД во светот. Тоа се наоѓа во државата Висконсин. Корисниците на социјалните мрежи фобјавија фотографија на која се гледа како знамето е искинато на половина. https://twitter.com/OregonProgress/status/1268229925560967168 Како што објави порталот Heavy, многумина во ова гледаат симболика на поделбата на државата со оглед на протестите кои […]

(Галерија) Протестите во САД беа мирни и огромни


Десетици илјади демонстранти се собраа во Вашингтон и другите градови во саботата, со цел да се стави крај на расизмот и бруталноста од страна на полицијата, откако протестите избувнаа по фаталната средба на Џорџ Флојд со полицијата во Минеаполис. Собирот пред Меморијалниот центар „Линколн“ меморијал и маршот кон Белата куќа го одбележаа најголемото излевање на […]

Богојески до Ахмети: Не се станува премиер со програма само за Тетово и Гостивар


Реагирајќи на најавата на Али ахмети дека ќе води изборна кампања со барањето Албанец да биде премиер, Петар Богојески од „Македонски концепт“ порача дека тоа природно ќе си дојде ако претходно Ахмети прифати промена на Уставот и граѓански концепт со што ќе се укинат етничките партии. -Има ли храброст Али Ахмети да прифати концепт на […]

Косово ја отвора границата со Албанија, нема самоизолацијата за лицата кои влегуваат во земјата


 Владата на Косово на денешната седница донесе одлука за олеснување на мерките за заштита од епидемијата на Ковид-19, меѓу кои и за целосно отворање на границата со Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина. Министерот за здравство Арменд Земај изјави дека од утре, понеделник, се укинува мерката на самоизолација, како и дека ќе се овозможи […]

Во Франција има 150 познати кластери на епидемијата на коронавирусот


Француските власти тврдат дека епидемијата на корона вирусот е под контрола. Од 2 јуни земјата почна со широки мерки за излегување од строгата изолација, но, сепак, има регистрирани 150 кластери и оваа бројка се зголемува, што зборува дека вирусот и натаму циркулира меѓу населението, јави дописникот на МИА. Од крајот на изолацијата, епидемиолошките жаришта се […]

Истражување: Општините немаат доволно капацитети за ефикасна инспекциска служба


Општините во државава немаат доволно капацитети (човечки, финансиски, техничко-технолошки) за да организираат ефикасна инспекциска служба на локално ниво, покажа истражувањето за клучните проблеми и предизвици со кои се соочуваат инспекциските служби во надлежност на општините, што го спроведе невладината организација „Инфоцентар“ во рамки на проектот „Граѓански мониторинг врз инспекциските служби на локално ниво“, поддржан од […]

„Бош“ разви систем кој сам повикува брза помош по несреќата


Германската компанија „Бош“ разви нов систем наречен Help Connect кој автоматски повикува брза помош ако детектира дека дошло до несреќа. Системот Help Connect наменет е за мотоциклистите и осмислен за тие да добијат помош побрзо, за да им се спаси животот ако има потреба. Податоците покажуваат дека бројот на смртни случаи кај мотоциклистите е 20 […]

Три нови случаи на Ковид-19 во Гостиварско


Епдимеиолозите открија три нови случаи на инфицирани со корона вирусот во гостиварскиот регион. Последните тестирања дадоа по еден позитивен резултат во трите општини. До денеска вкупно активни се 29 случаи. Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб, вчера епдемилошките служби тестирале 16 лица. Во општина Гостивар сега има 14 активни случаи, во општина Врапчиште 12, а […]

Од заседа убиен полицаец, двајца ранети


Заменик-шериф е застрелан, а двајца полицајци се ранети, во заседа при потрага по осомничен во Бен Ломондо во Калифорнија, соопштија надлежните. Во заседа во која е употребено огнено оружје и експлозиви, заменик-шериф загина, а двајца полицајци се ранети, од кои едниот е погоден во шаката, потврди шерифот Џим Харт, пренесе Асошиејтед прес. При апсењето застрелан […]

Корона вирусот е катастрофален удар за економијата, вели претседателот на Светска банка


Пандемијата на коронавирусот е катастрофален удар за светската економија, а економските последици би можеле да траат и една деценија, изјави претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас. Во интервју за радио Би-Би-Си, Малпас кажа дека поради економската криза предизвикана од пандемијата повеќе од 60 милиони луѓе можат да се соочат да живеат со помалку од една […]

ДУИ продолжува со кампањата идниот премиер да бил Албанец


Како ништо друго да не се случува во земјава Демократската унија за интеграција и денес продолжи со кампањата за промовирање на нејзината идеја следниот премиер на Македонија да бил Албанец. Иако досега сите партии од албанскиот политички блок ја отфрлија таа идеја. Со соопштение ДУИ ги повика сите Албанци и албански политички партии да застанеле […]

Лекувањето на пациент со Ковид-19 во Кина чини меѓу 3.200 и 140.000 долари


Кинеската Влада трошела во просек околу 23.000 јуани (околу 3.200 американски долари) за лекување на пациент од корона вирус со пневмонија, се наведува во „Белата книга“ што денеска ја објави кинескиот Државен совет под наслов „Борба против Ковид-19: Кинеска акција“. „ До 31 мај медицинските сметки за 58.000 пациенти со потврдена дијагноза се покриени од […]

Дури 22 угостители во туристички места примале гости, иако не е дозволено


Кривични пријави за вкупно 22 угостители во туристичките места, не ги почитувале протоколите и примале гости Раководителката на Инспекциски надзор, Мери Проја Продановска, денес во Охрид ги соопшти наодите на инспекциските служби при зајакнатите контроли на угостителските и сместувачките капацитети за време на продолжениот викенд во Охрид, Струга, но и во останатите туристички меса низ […]

Од гром изгореа штала и животните во неа


На 06.06.2020 околу 15,30 часот во СВР Битола било пријавено дека на место викано „Стрчин“ удрил гром во штала сопственост на Т.Е.(47) од Битола и настанал пожар при што шталата и добитокот кој бил во неа изгореле. Пожарот е изгаснат од противпожарната екипа од Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Забраната за движење не ја почитувале 154 лица, маски не носеле 386


Во изминатото деноноќие 154 лица не ја почитувале забраната за движење при што 130 се приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следат соодветни мерки, информира утринава Министерството за внатрешни работи. Полицијата евидентирала и 386 прекршоци за неносење на заштитна маска и две лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. Во […]