Тропската бура Кристобал му се заканува на југоистокот на САД


Тропската бура Кристобал, што се движи кон југоисточниот дел на САД, веќе предизвика торнадо на Флорида и обилни дождови, како и поплави во Мексико и Централна Америка. Се очекува бурата вечерва да го погоди американското тло, но се проценува дека нема да се претвори во ураган. Во торнадото во Орландо, на Флорида, нема повредени, но […]

ФАО: Над 600 милиони луѓе се разболуваат, 420 илјади умираат од небезбедна храна


Повеќе од 600 милиони луѓе се разболуваат, а 420 илјади умираат секоја година како резултат на небезбедна храна загадена со бактерии, вируси, паразити, токсини или хемикалии, покажуваат податоците на Светската здравствена организација. Денеска се одбележува Светскиот ден на безбедната храна кој беше востановен минатата година од страна на Органзиацијата на Обединетите нации. Целта е да […]

За Трамп протестите не биле масовни


Во време кога стотици илјади Американци протестираат по улиците во градовите низ САД против полициската бруталност, претседателот Донал Трамп има малку поинакво мислење, тврдејќи дека во Вашингтон има „помала турканица отколку што би требало да се очекува“. “Многу помала турканица во Вашингтон отколку што се очекуваше. Националната гарда, тајната служба и полицијата во Вашингтон прават […]

Осомничениот Германец за Медлин Мекен се поврзува и за два други случаи на исчезнување на деца


Таткото на шестгодишното дете кое исчезна во Португалија во 1996 се надева дека конечно ќе дознае што се случило со неговиот син   Таткото на шестгодишно германско момче, кое исчезна на одмор во Португалија пред речиси 24 години, вели дека неодамнешните драматични случувања во случајот со Медлин Мекен му дале надеж дека конечно ќе дознае […]

Латинска Америка урива рекорди со корона вирусот


Ова беше уште една лоша недела за Латинска Америка. Бројот на заразените  и на умрените од коронавирусот низ целиот регион растат побрзо од каде било во светот. И што е поважно, во најтешко погодените земји тие не покажуваат знаци на забавување. Регионот досега регисѕрираше речиси 1,2 милиони заразени и повеќе од 60.000 смртни случаи. „Особено […]

МЗЗПР: На секој вработен заболен од Ковид-19 на работното место да му биде исплатена 100 проценти плата


Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) достави предлог текст до Владата со кој бара на секој заразен работник на работното место со корона вирусот да му следува целосен надоместок од плата во износ од 100 проценти. – Со усвојувањето на ваква Уредба од страна на Владата целосно ќе се испочитува правото на еднаквост на […]

Болсонаро обвинет за криење на вистинските податоци за бројот на заразени и умрени од корона вирусот


Бразилските власти ги отстраниле од владиниот сајт повеќемесечните податоци за бројот на заразени и умрени од корона вирусот, откако беше критикуван начинот на кој претседателот Жаир Болсонаро се справува со епидемијата. Регионалните здравствени власти во Бразил ја обвинија владата на Жаир Болсонаро за „криење“ на точниот број на смртни случаи од корона вирусот. Министерството претходниот […]

Том Џонс денеска полни 80 години


Aнглија – Познатиот британски пејач Том Џонс, познат по хитовите „Дилајла“ и „Секс бомба“, денеска полни 80 години, а во пресрет на неговиот роденден, супер ѕвездата се потсети на неговата успешна кариера и живот. -Уште многу години сакам да продолжам да пеам. Можеби некогаш ќе се појави уште една „Секс бомба “. Не ја исклучувам и […]

„Билд“: Лигата на шампионите ќе се доигра во Лисабон


Шефовите на УЕФА веќе одлучија во кој град ќе се одржи последната фаза од Лигата на шампионите. Според „Билд“, Лисабон ќе биде домаќин на мини-турнир. Главниот град на Португалија победи во конкуренција на Франкфурт и Москва. Неколку фактори одат во корист на Лисабон. Како прво, сите португалски клубови веќе се надвор од европските турнири, што […]

Секои шест секунди се уништува прашума голема како фудбалско игралиште


Огромни подрачја од исконските прашуми минатата година се претворија во чад, а подрачје со големина на Швајцарија беше исечено за да се направи место за одгледување стока и комерцијални посеви, објавија научниците. Сателитските снимки покажуваат дека една третина од загубите се во Бразил, а Демократска Република Конго и Индонезија се на второ и трето место, […]

Падна договор: Земјите извознички на нафта со помало производство до крајот на 2020


Групата земји извознички на нафта, позната како ОПЕК +, во април се договори следните два месеца, мај и јуни, да го намали снабдувањето на светскиот пазар на нафта за 9,7 милиони барели дневно, пред се, за да може да ги зголеми цените што со месеци наназад се минимални поради малата побарувачка од кризата со коронавирусот. […]

Белата куќа побарала 10.000 војници за задушување на протестите


Белата куќа во текот на изминатава недела побарала 10.000 активни војници да излезат на улиците на Вашингтон и другите градови и да ги спречат протестите, но министерот за одбрана Марк Еспер и високите воени лица во Вашингтон и околината распоредија околу 1.600 војници. Околу 5.000 припадници на Националната гарда веќе беа распоредени таму, така што […]

Короната го избриша „ривалството“ меѓу Битола и Прилеп


Бројот на инфицираните лица од корона во Прилеп е 7,5 пати поголем од оној во Битола. Битолчани сочувствуваат со ситуацијата во соседниот град   Анета Блажевска Битола – Големото „ривалство“ меѓу Битола и Прилеп трае со векови како два соседни града на оддалеченост од само 50-тина километри. Ама, за среќа, ривалството беше избришано од животот […]

Институтот за јавно здравје негира дека има заразени во него


Во Институтот за јавно здравје ниту еден од вработените не е позитивен на Ковид 19, информираат од институцијата. „Епидемиолошките екипи и натаму ја извршуваат својата работа како и во изминатите два месеца. Ова е официјална информација од Институтот за јавно здравје потврдена од директорот на институцијата Шабан Мемети и јавноста треба да биде информирана“, се […]

Во ерата на Интернетот неопходен македонски речник за дигитална терминологија


Интернетот стана „домашно милениче“. Се негува, се употребува и „се присвојуваат“интернет-изразите, главно од англиското јазично подрачје, па се употребуват преку социјалните мрежи, дома и на крај во секојдневието. Оваа ситуација е присутна со години, но најинтензивна последниве два и пол месеци, откако е пандемијата на коронавирусот, кога бевме препуштени на интернет-комуникацијата, интернет-јазикот, најмногу онлајн или, […]

Директорот на „Ролан Гарос“: Ние сме обвинети за себичност, но сите наши одлуки се корисни за играчите


Франција– Гај Форг, директорот на тенискиот Грен слем „Ролан Гарос“ ги коментираше изгледите за одржување на турнирот во есен. – Сега сите правила се ублажуваат и стануваат помалку строги. Ние сакаме да останеме оптимисти, но во исто време, со оглед на сите луди настани од последните месеци и недели, никогаш не знаете што може да се […]

Идната недела треба да биде објавена преговарачката рамка за Македонија


Преговарачката рамка се уште не е финализирана и не претставува јавен документ, но се очекува нејзината нацрт-верзија мошне скоро, евентуално на 9 или 10 јуни да биде објавена, а првата Меѓувладина конференција (МВК) со Северна Македонија и Албанија би можела да се одржи оваа есен, барем според прогнозите на  македонските и европските дипломати, надлежни за […]

Израелци протестираа против анексија на Западниот брег


Илјадници Израелци денеска протестираа во Тел Авив против планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху за анексија на делови од окупираниот Западен Брег, на кои претендираат Палестинците. Поради ризикот од коронавирус демонстрантите носеа заштитни маски и ја почитувана социјалната дистанца, а се собраа под слоганот „Не на анексијата, не за окупацијата, до слобода и демократија“, пренесуваат британските […]

Комисијата за заразни болести денес ќе решава за идните мерки


Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок на кој ќе бидат разгледани следните чекори во однос на рестрикциите. Уште денеска граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце ќе бидат во […]

Ден на даночна слобода: Годинава сме работеле 130 дена за државната каса, 10 дена помалку од лани (Инфографика)


Оваа 2020 година сме „работеле“ 130 дена за државната каса, за 10 дена помалку во споредба со претходната 2019 година, покажуваат  податоците од таканаречениот Ден на даночна слобода. Денот на даночна слобода (Tax Freedom Day) е симболичен датум во годината кога просечен даночен обврзник престанува да „работи“ за да го полни државниот трезор и почнува […]