Полицаец соборен од коњ на немирите во Лондон


Полицијата и демонстрантите се судрија вечерва во близина на резиденцијата на британскиот премиер Борис Џонсон во Лондон за време на протестот по повод убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис, јавија британските медиуми. На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како еден од полицајците од коњичката единица е очигледно исфрлен од неговиот […]

Ибраими: Албанците во Македонија се дискриминирани како во средниот век


Многу е разочарувачко, срамно, скандалозно по големата историска измама што ја направи во 2001 година, кога  ја прекрши заложбата „дека ќе прави Албанија на местата каде живеат Албанците“, денес, 19 години потоа да излегува со нов „капитален“ предлог за „премиер“, вели потпретседателот на ДПА, Орхан Ибрахими, коментирајќи ја изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, […]

Ангеловска се пофали со 16,2 отсто невработени во првиот квартал, но во април и мај сликата не е толку розова


Стапката на невработеност во првото тримесечје од 2020 изнесува 16,2 отсто и е историски најниска, напиша денеска на својот Фејсбук профил министерката за финансии Нина Ангеловска. Просечната стапка на невработеност во 2019 изнесувала 17.3 отсто, додека во последниот квартал од 2019 изнесувала 16.6 проценти, наведе министерката. Таа нагласува дека годината почнала со раст на вработеноста, […]

Вирусот е тука, не „одлетал“ (галерија)


Скопје денес пуст, втор ден од тридневниот карантин, кога пола Македонија се релаксира во излетничките места, а пола ја празнуваат Задушница, а утре Духовден. Едните ќе поминат 80 часа самоизолирани во своите домови, а за другите полицискиот час почнува секој ден во 16 часот, па времето можат да го потрошат во прошетки по плажи, седење […]

(Видео) Планетарен протест против расизмот и неправдата


Лондон, Париз, Сиднеј, Аделејд, Берлин, Чикаго, Филаделфија, Вашингтон…маршот против расизмот, а по повод убиството на Џорџ Флојд, стана планетарна борба. Илјадници луѓе, и покрај мерките што бараат социјална дистанца и забраните во некои од градовите воопшто да се протестира,излегоа на улиците со порака дека „Црнечките животи вредат исто така“, „Тишината на белците е рамна на […]

(Видео) Хамбург: Водени топови по демонстрантите – еден полицаец е ранет


Полицијата употреби водени топови против демонстрантите и распореди водени топови во германскиот град Хамбург, јавија германските медиуми. Полицијата на Твитер објави дека неколку стотици агресивни луѓе со качулки извршиле притисок на полицијата во центарот на градот и дека еден полицаец е ранет. https://twitter.com/ISCResearch/status/1269325314221649921 – Мораше да употребиме бибер-спреј. Со должна почит за емоциите, но нападите […]

(Видео) Неофашистите дивеат во центарот на Рим


Припадниците на екстремната десница и најрадикалните навивачки групи денеска одржаа антивладин протест во Рим, кога за кратко време дојде и до судир со полицијата и новинарите. Неофашистите од екстремно десничарското движење „Форца Нуова“, исто така, поздравуваа со фашистичкиот поздрав, пренесуваат американските медиуми. Неколкумина демонстранти во еден момент се обидоа да ги избркаат новинарите, фрлајќи шишиња […]

Три сестри Китановски, една модна порака: „ FemmEPIRE“ го слави стилот на сите моќни жени на денешницата


Македонската дизајнерска сцена од неодамна е побогата за уште еден нови уникатен бренд. Станува збор за ателјето КТН – основано како акроним на Китановски– три букви, три сестри. Ангелина е дипломиран моден дизајнер, Сандра завршува втора година на истиот факултет, додека Ива паралелно работи како организатор на настани и кампањи, па највеќе е посветена во […]

Чулев: Политизираноста на МВР е голема


Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев смета дека на земјава и се потребни фер и демократски избори, но во оној момент, кога граѓаните без страв за своето здравје ќе излезат и ќе го поддржат тој во кого веруваат. Чулев во интервју за Република вели дека Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе сите неопходни мерки за […]

Инспекторите со пет кривични за угостители од Струга, Пониква и Маврово


Инспекторите во засилена контрола во текот на продолжениот викенд: Државниот пазарен инспекторат поднел 9 пријави за непочитување на протоколот за работа на угостителските објекти во услови на КОВИД -19; Државниот инспекторат за труд донесе 4 решенија и 3 укажувања на работодавачите веднаш да почнат да се придржуваат кон препораките Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, Државниот […]

Болното племе си пати од умот


ЕРОЛ РИЗАОВ Агресивното малцинство што го месат пропагандите како аморфно тесто врши непречена тортура над мнозинството граѓани кои по цена на животот, дисциплинирано, во страв и резигнирано ја трпаат оваа тиранија на простаклукот во битките за власт, моќ и пари   На трагичен начин новиот налет на пандемијата од корона вирусот повторно ни го покажа […]

Се миеја и дезинфицираа улиците во Карпош 4


Комуналните служби на Општина Карпош денеска ги миеја и дезинфицираа улиците во населбите Карпош 4 и Владо Тасевски (Млечен). Полицискиот час, како што соопштија од Општината, се користи и да се исчистат улиците и паркинзите, кои во нормални услови се пофреквентни и чистењето се одвива побавно. Утринава се уредувале и тревните површини во Влае, во […]

(Во живо) Голем протест во Вашингтон


За денеска е најавен голем мирен протест во Вашингтон пред Белата куќа против полициското самоволие и насилството на полициските службеници. МИА пренесува во живо. Граѓаниските протести што се проширија низа САД во десетици градови, не се само против дискриминацијата врз основа на боја на кожата, туку се поттикнати и од економските и социјални проблеми во […]

Бројот на заразени од Ковид 19 во светот галопира


Бројот на нови случаи на Ковид 19 во светот расте побрзо од кога било порано, а гледајќи со неделен просек, се зголемува за повеќе од 100.000 дневно. Додека во април бројот на новозаразени никогаш не достигна 100.000 за еден ден, од 21 мај дневното зголемување беше помало од оваа бројка само пет пати, додека на […]

Бројот на заразени од Ковид-19 во светот расте пребрзо, дневно по 100.000 нови случаи


Бројот на нови случаи на Ковид 19 во светот расте побрзо од кога било порано, а гледајќи со неделен просек, се зголемува за повеќе од 100.000 дневно. Додека во април бројот на новозаразени никогаш не достигна 100.000 за еден ден, од 21 мај дневното зголемување беше помало од оваа бројка само пет пати, додека на […]

САД ја обвинија Кина за злоупотреба на смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд


Американските власти денеска ја обвинија Кина дека на „одвратен начин“ ја злупоотребува смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина по полициското апсење. -Кинеската комунистичка партија на одвратен начин ја користи трагичната смрт на Џорџ Флојд  за да го оправда своето авторитарно негирање на човековото достоинство и уште еднаш го покажува своето вистинско лице, рече американскиот […]

Објавени листите за изборите во Србија, главната опозиција ќе бојкотира


Републичката изборна комисија (РИК) на Србија ги прогласи 16-те изборни листи од вкупно 22 кои имаат доставено потписи со поддршка на граѓаните. Со тоа познати се партиите и коалциите кои ќе учествуваат на парламентарните, покраинските и локалните избори закажани за 21 јуни и оние кои ќе ги бојкотираат. Меѓу оние што ќе учествуваат на изборите […]

И покрај забраната, нови демонстрации против полициското насилство во повеќе градови во Франција


Во Париз, Бордо, Нант, Лимож, Поатје, Марсеј, Лил,…  денеска се одржаа или се одржуваат нови демонстрации против полициското насилство и покрај забраната за собирање на едно место на повеќе од десет лица поради здравствена криза, јави дописникот на МИА. Портпаролот на владата Сибет Ндиаје изјави дека протестите „не треба да се одржуваат“. Префектот на париската […]

Унгарски борач прележал Ковид-19, дал крвна плазма, па починал на тренинг


Унгарскиот репрезентативен борач Бендегуз Тод почина на возраст од 22 години на тренинг во клубот за кој настапува, пренесоа унгарските медиуми. Причината за смртта не е потврдена, а иако брзата помош веднаш дошла, на младиот борач му немало спас. „Не сакаме да веруваме дека не е повеќе со нас. Немаше никакви знаци дека толку млад […]

Картичката „Купувам домашно“ ќе се издава од 3 јули, ќе треба да се искористи до 31 јули


Процесот за добивање на платежната картичка „Купувам домашно“ ќе биде едноставен, без апликација од страна на граѓаните. Издавањето ќе биде од 3 јули со рок на искористување до 31 јули, соопшти денеска претседателот на партиската Комисија за економија на СДСМ Кирил Колемишевски. На онлајн дебатата „Нова развојна македонска економија“ Колемишевски рече дека картичката може да […]