Унгарски борач прележал Ковид-19, дал крвна плазма, па починал на тренинг


Унгарскиот репрезентативен борач Бендегуз Тод почина на возраст од 22 години на тренинг во клубот за кој настапува, пренесоа унгарските медиуми.
Причината за смртта не е потврдена, а иако брзата помош веднаш дошла, на младиот борач му немало спас.
„Не сакаме да веруваме дека не е повеќе со нас. Немаше никакви знаци дека толку млад ќе му се случи ваква трагедија. Додека на тренинг седеше на грбот на еден од своите клупски колеги, му се слоши, мускулите му беа опуштени. Сите се ангажираа да му помогнат, но и покрај се што направија не успеаја да го спасат“, вели неговиот татко Јозеф.
Но, зачудува тоа што Тот пред два месеца преле7ал Ковид-19.
„Имаше симптоми кои сугерираа на корона вирус, па две седмици беше во карантин. Болеста исчезна во март, а тој со уште неколку спортисти дадоа крвна плазма. Уште не првиот тест имаш потврдено вирус, а следните два беа негативни“, вели таткото.
Инаку, младиот борач во кратката кариера освои два европски и две светски сребра во  помладите категории и оние до 23 години.