Падна договор: Земјите извознички на нафта со помало производство до крајот на 2020


Иако многумина можеби помислија дека е негативна цената на целокупната нафта, има нијанси

Групата земји извознички на нафта, позната како ОПЕК +, во април се договори следните два месеца, мај и јуни, да го намали снабдувањето на светскиот пазар на нафта за 9,7 милиони барели дневно, пред се, за да може да ги зголеми цените што со месеци наназад се минимални поради малата побарувачка од кризата со коронавирусот.

Намалувањето ќе продолжи и во јули, се согласија вчера членките на ОПЕК на почетокот на видео конференцијата, објавија ноќеска светските агенции. Според претходниот договор, производството требаше да се намали на 7,7 милиони барели на ден во периодот од јуни до декември.

Цената на барел нафта на лондонската берза во петокот се зголеми на највисокото ниво во последните три месеци, на над 42 долари, откако во април падна под 20 долари. Но, цената на нафтата и натаму е за третина пониска отколку на крајот на 2019 година, пренесува Сеебиз.

Саудиска Арабија, водечка земја на ОПЕК, и Русија мора да го балансираат зголемувањето на цената на нафтата за да ги задоволат своите буџетски потреби, но не и над 50 долари за барел, затоа што не сакаат повторно да го зголемат американското производство на нафта од шкрилци, забележуваат британските медиуми.