Институтот за јавно здравје негира дека има заразени во него


Во Институтот за јавно здравје ниту еден од вработените не е позитивен на Ковид 19, информираат од институцијата.
„Епидемиолошките екипи и натаму ја извршуваат својата работа како и во изминатите два месеца. Ова е официјална информација од Институтот за јавно здравје потврдена од директорот на институцијата Шабан Мемети и јавноста треба да биде информирана“, се наведува во соопштението.
Од Институтот посочуваат дека официјалните информации за состојбата со Ковид-19  се објавуваат на интернет страницата на институцијата и на страницата на Министерство за здравство.
Ваквата реакција дојде по вчерашната нформација во некои медиуми дека двајца вработени од екипите што вршат тестирање биле заразени од корона вирусот и дека тоа ќе се одрази на темпото со кое работи Институтот и бројот на тестираните.