Израелци протестираа против анексија на Западниот брег


Илјадници Израелци денеска протестираа во Тел Авив против планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху за анексија на делови од окупираниот Западен Брег, на кои претендираат Палестинците.

Поради ризикот од коронавирус демонстрантите носеа заштитни маски и ја почитувана социјалната дистанца, а се собраа под слоганот „Не на анексијата, не за окупацијата, до слобода и демократија“, пренесуваат британските медиуми.

Премиерот Нетанјаху најави дека од 1 јули ќе почне со реализирација на планот за анексија на израелските населби и долината Јордан во Западниот брег и дека за тоа го чека одобрението од Вашингтон.

Палестинците сакаат независна држава на Западниот Брег, со Источен Ерусалим како нивни главен град и Појасот Газа, што се териториите што Израел ги освои со шестдневната војна во 1967 година.