Околу 115 илјади граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам


Околу 115.000 граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам, како дел од третиот пакет економски мерки со цел поддршка на туризмот, објави лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

Граѓаните кои ги исполнуваат условите, на својата електронска пошта ќе добијат QR код во вредност од 6.000 денари и упатство за користење.

– Да го зајакнеме домашниот туризам, да летуваме дома, напиша Заев.