(Галерија) Протестите во САД беа мирни и огромни


Демонстрантите се собираат пред Линколн меоријалот за време на протестот против расната нееднаквост по смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис (Фото: Ројтерс/Карлос Бариа)

Десетици илјади демонстранти се собраа во Вашингтон и другите градови во саботата, со цел да се стави крај на расизмот и бруталноста од страна на полицијата, откако протестите избувнаа по фаталната средба на Џорџ Флојд со полицијата во Минеаполис.

Собирот пред Меморијалниот центар „Линколн“ меморијал и маршот кон Белата куќа го одбележаа најголемото излевање на протестите низ целата земја, откако се појавија видео снимките на кои се прикажува Флојд, невооружен црнец со лисици на рацете, легнат со лицето надолу и се бори да дише додека бел полицаец му клечи на вратот.

Демонстрантите се собраа во саботата во бројни урбани центри – меѓу нив Њјорк, Атланта, Филаделфија, Чикаго, Лос Анџелес, Сан Франциско, Бостон и Мајами – како и во мали, рурални заедници низ целата земја.

Со исклучок на Сиетл, каде полицијата употреби светлосни гранати во судирот со демонстрантите, протестите во саботата во целина имаа опуштен тон (како што можете да видите на галеријата од демонстрациите во Вашингтон) во споредба со оние во последните денови. (Ројтерс)

Демонстрант пред Белата куќа (Фото: Ројтерс/Ерик Таер)
Демонстранти носат напишани пораки додека одат кон Капитол Хил (Фото: Ројтерс/Џонатан Ернст)
На протестите им се приклучија и здравствени работници (Фото: Ројтерс/Лукас Џексон)
ЛаШон Кенли седи на улица пред Белата куќа (Фото: Ројтерс/Леа Милис)
Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Боѕсер, за време на протестот близу Белата куќа (Фото: Ројтерс/Ерик Таер)
Пред Меморијалниот центар „Линколн“ Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Боусер, за време на протестот близу Белата куќа (Фото: Ројтерс/Ерик Таер)
Реки народ на улиците во Вашингтон (Фото: Ројтерс/Џонатан Ернст)
Униформирани војници пред Белата куќа (Фото: Ројтерс/Лукас Џексон)
Војници на скалите на Меморијалниот центар „Линколн“ (Фото: Ројтерс/Лукас Џексон)
Поглед од воздух на улицата што беше наречена „Црните животи значат“ и пораката испишана на асфалтот