Тие што имаат редовни примања, да си ги плаќаат навреме сметките


Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски ги повикува граѓаните кои ги задржаа своите редовни примања, и покрај мерките за заштита од коронавирусот ,навремено да ги подмират своите сметки за  електрична и топлинска енергија, како и за водни услуги. -Апелираме до оние потрошувачи коишто ги задржаа своите редовни примања, да […]

Премиер лига ќе нема ниту во мај


Aнглија – Раководството на Премиер лигата соопшти дека натпреварувањето нема да продолжи ниту во мај. На вонредниот состанок, на кој беше разгледана актуелната состојба и прекинот на сите активности поради пандемијата на коронавирус, е заклучено дека здравјето на луѓето е приоритет, а фудбалските услови ќе продолжат што се добијат услови. Поради прекинот на Премиер лигата, […]

Во Италија наскоро тест со кој ќе се утврдува кој го прележал вирусот


Италија–  Сигурен тест на крвта за антитела за да се утврди кој веќе прележал  коронавирусот, ќе даде подобра слика за големината на италијанската епидемија и може да се направи за неколку дена, соопштија денеска научни советници на италијанската Влада. Се поголем е притисокот да се открие кој бил изложен на вирусот и дали некои луѓе […]

Во 18 држави во светот нема заразени со Ковид-19


Англија – Повеќе од еден милион случаи на заразени со Ковид-19 се пријавени досега во земји – од Непал до Никарагва. И како што се зголемува бројот на смртни случаи, а пациенти ги преплавуваат болниците, прашањето е – има ли место на земјата каде нема заразени од новиот коронавирус? Одговорот е, можеби изненадувачки, да, јави Би-Би-Си. […]

Втор викенд со забрана за движење од 16 часот


Забраната за движење на населението денеска почнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наутро. Ова е согласно одлуката на Владата за забрана на движење за време на викендите што се применува од минатата недела. Полицискиот час и утре ќе почне од 16 часот и ќе трае до 05 следниот ден. Сите јавни […]

Најмногу снег во Крушево, најстудено во Маврово


Највисока снежна покривка од 34 сантиметри утрово е измерена во Крушево. Следат Маврово со 16, 12 Битола, 6 Лазарополе, 5 Тополчани, 4 Ѓуриште. Како што соопшти УХМР, најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Претор (14 л/м2), потоа 12 во Битола, 11 Струмица, 10 Демир Капија, Крушево, 8 Берово, Дебар, 7 Прилеп, Куманово, 5 […]

Карантинот е идеално време за чистење на духот и телото: Искрено со Васил Зафирчев, актер


Лејла Сабит Фото: Иван Наунов Се појави како нешто мало и невидливо, за нас целосно непознато, но толку заканувачко што го прави поголемо и помоќно од нас самите. Вирусот е и опомена за нашиот погрешен концепт на живеење, кој се темели на материјализмот и егото, на алчноста и покорноста, на контролата и стравот. На нашиот […]

ММФ/СЗО: Коронавирусот ќе ја погоди светската економија повеќе отколку финансиската криза од 2008 година


Повеќе од 90 земји побараа итна финансиска помош од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во пресрет на досега невидената пандемија на вирусот Ковид-19, нагласи денеска шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева. „Никогаш не сме биле сведоци на запирање на светската економија“, рече Георгиева на конференцијата преку интернет заедно со Светската здравствена организација (СЗО). „Сега сме во рецесија. […]

Шведскиот премиер до граѓаните на државата: Подгответе се за илјадници мртви


Шведска мора да се подготви за илјадници мртви од Ковид-19, изјави денеска премиерот на државата. „Ќе имаме илјадници мртви. Мора да се подготвиме за тоа“, рече премиерот Стефан Лофвен во интервју за дневниот весник „Дагенс Нихетер“. Државата се соочува со криза поради бројот на луѓе кои имаат потреба од грижа и падот на економијата. Лофвен […]

МЗ го демантира Мицкоски – има 4.500 тестови за корона вирусот, неделно се набавуваат по 2.000 тестови


Министерството за здравство како невистинити ги оцени информациите што ги сподели во интервју за Канал 5 телевизија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека државата има тестови за коронавирусот за само неколку денови. Во моментот, информираат од Министерството, државата на располагање има 4.500 тестови, со неделно надолнување од 2.000 тестови, а се чека во секој момент […]

Кристалина Георгиева: Светската економија влезе во рецесија


Глобалната економија влезе во период на рецесија поради пандемијата на новиот коронавирус, изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева. Според неа, рецесијата е многу полоша од глобалната финансиска криза. ММФ се фокусирал да гарантира дека има силен одговор на здравствената криза, како и да дејствува на закрепнување на економијата, нагласи Георгиева. Таа изрази […]

Спасовски до кумановци: Останете присебни, нема простор за паника заради полицискиот час


Премиерот Оливер Спасовски вечерва на неговиот фејсбук-профил упати апел до кумановците да останат присебни во овие моменти, нагласувајќи дека нема простор за паника заради полицискиот час. „Апелирам до граѓаните на Куманово навистина да бидат присебни во овие моменти, нема простор за паника, мерката е за викендов и нема потреба дополнително да се изложиме на ризик […]

СДСМ: Зошто Мицкоски пак намерно лаже – сега за тестовите


Владејачката партија вечерва реагираше на тврдењата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека државата останала без тестови и го обвини дека шири „лажни вести и неоснована паника“. Во интервју за Канал 5 тој рече дека во залиха имало само 100 тестови за корона вирусот. „Целата држава, институциите, граѓаните, службениците, сите бескомпромисно се борат против коронавирусот, […]

Рокот за плаќање на лизингот продолжен најмалку 90 дена


Министерството за финансии предложи, а Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за лизинг за време на вонредна состојба. Согласно оваа Уредба, во период од 1 април до 30 јуни 2020 година физичките лица ќе плаќаат најмногу до 30% од обврските по договорите за финансиски лизинг склучени заклучно со 31 март, при […]

Извозниците ќе можат да продаваат во странство 70 отсто од брашното


Правните и физичките лица кои се извозници на брашно од пченица и наполица, во текот на еден месец ќе може да извезуваат до 70 отсто од вкупно произведената количина на брашно од пченица и наполица во претходниот месец, а 30 отсто да остане за потребите на домашниот пазар, одлучи денес Владата на 34-та седница, на […]

Интервентно ќе се набавуваат 200 респиратори


Владата денес ја разгледа и ја усвои Уредбата за интервентна набавка на респираторни машини за време на вонредна состојба, со која се уредуваат условите и постапката за интервентна набавка на 200 респираторни машини заради спроведување на мерките за справување со коронавирус КОВИД-19 за време на траење на вонредната состојба, согласно спецификација уредена со Уредбата со […]

ММФ ќе одобри 175 милиони евра за Македонија


Владата денес ја разгледа и ја усвои Информацијата според која Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) позитивно одговори на барањето на нашата земја да ѝ биде одобрен Инструментот за брзо финансирање во висина од 175,2 милиони евра како помош за финансирањето на мерките за здравствена и макроекономска стабилизација и исполнување на потребите на билансот на плаќање кои […]

МЗ: Пациентот од Куманово кој синоќа почина на Инфективна бил заболен од корона вирус


Пациентот од Куманово кој доцна синоќа почина на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје бил заболен од корона вирус, информираат вечерва од Министерството за здравство. За овој пациент, Министерството за здравство информираше денеска во редовното соопштение за дневната состојба со ново дијагностицирани, починати и оздравени пациенти, со напомена дека за него се […]

Побаран притвор поради полов напад врз дете кое не наполнило 14 години


Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, жител на гостиварско село, на возраст од 67 години за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Од Обвинителството наведуваат дека во насока на непречено одвивање на постапката […]

Мицкоски: Третта година волонтирам, се возам со моја кола


Третта година волонтирам во партијата, во сопствено возило се возам. Можеме да издржиме во ВМРО-ДПМНЕ без финансирање, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски,  запрашан зошто одбива во рамките на мерките за штедење да се откаже од годишното финансирање на политичките партии. – Ние бевме јасни, рековме ВМРО-ДПМНЕ ќе ве поддржи. Но, дајте вие (СДСМ) работете […]