Во 18 држави во светот нема заразени со Ковид-19

Фото: Б. Грданоски

Англија – Повеќе од еден милион случаи на заразени со Ковид-19 се пријавени досега во земји – од Непал до Никарагва. И како што се зголемува бројот на смртни случаи, а пациенти ги преплавуваат болниците, прашањето е – има ли место на земјата каде нема заразени од новиот коронавирус?

Одговорот е, можеби изненадувачки, да, јави Би-Би-Си.

Од 193 земји-членки на ОН, до 2 април 18 земји не пријавиле ниту еден случај на заразен со Ковид-19, јави Би-Би-Си, кои ги користат податоците од универзитетот Џонс Хопкинс.

Тие 18 држави се: Комори, Кирибати, Лесото, Маршалски Острови, Микронезија, Науру, Северна Кореја, Палау, Самоа, Сао Томе и Принципе, Соломонски Острови, Јужен Судан, Таџикистан, Тонга, Туркменистан, Тувалу, Вануату и Јемен.